Зошто бадемовото млеко е толку актуелно?

Бадемовото млеко во последните неколку години е едно од најпопуларните растителни млека во светот. Прочитајте во продолжение се што треба да знаете за овој здрав напиток.

Што е бадемовото млеко?

Бадемовото млеко најчесто се добива од бадеми кои се киснат во вода, потоа се блендираат и на крај течноста се процедува. Исто така бадемовото млеко може да се добие доколку се додаде вода на путер од бадеми.

Ако не сакате да го подготвите сами, ова млеко можете да го најдете во сите подобро снабдени маркети и да го купите готово. Сепак многу поздрава варијанта е домашно подготвеното. Готовото бадемово млеко е со дополнителни конзерванси, ароми и шеќер со цел подолго време да стои свежо.

Бадемовото млеко има многу слична конзистенција како и кравјото млеко и токму поради тоа е многу популарно кај оние кои се вегани или па се алергични или интолерантни на лактоза.

Концентрацијата на хранливите нутритиенти во бадемовото млеко зависи од тоа колку бадеми и колку вода е употребено за да се добие млекото.

За да подготвите 250 ml квалитетно домашно бадемово млеко потребни ви се околу 70 g непечени и несолени бадеми. Вообичаено готовото бадемово млеко е многу поразредено.

Ова се 5-те најзначајни здравствени придобивки од консумирањето на бадемово млеко:

  1. Бадемовото млеко е многу хранливо

Бадемовото млеко е одличен извор на витамин Б1, витамин Б2, витамин Е и магнезиум. Имајте во предвид дека сировите бадемите содржат фитична киселина која може да ја намали апсорпција на одредени витамини и минерали од дигестивниот тракт како железо, цинк, магнезиум и сл. Со потопување на бадемите во вода голем дел од оваа киселина се неутрализира така што во бадемовото млеко ја има многу малку.

  1. Бадемовото млеко содржи многу малку калории

Иако бадемите се 50% составени од масти и се многу калорични, сепак бадемовото млеко е многу разредено со вода и содржи многу малку калории.

Една чаша бадемово млеко содржи само 39 калории што е помалку од половина споредено со калориите кои ги содржи кравјото млеко. Сепак како што квалитетот на бадемовото млеко зависи од тоа колку бадеми се употребени за да се добие една чаша бадемово млеко, така и бројот на калории ќе зависи од истото.

250 ml Бадемово млеко Кравјо млеко
Калории 39 102
Протеини 1.55 g 8.22 g
Масти 2.88 g 2.37 g
Јаглехидрати 1.52 g 12.18 g
  1. Бадемовото млеко не го покачува нивото на шеќер во крвта

Бадемовото млеко во кое нема додадено дополнителен засладувач содржи многу малку јаглехидрати, само 1.52 g во 250 ml. Само за споредба чаша кравјо млеко содржи 12.18 g јаглехидрати. Бидејќи калориите кои ги содржи бадемовото млеко потекнуваат од мастите и протеините кои не предизвикуваат покачување на шеќерот во крвта овој напиток е идеален и за дијабетичари.

  1. Бадемовото млеко не содржи лактоза

Ова растително млеко е одлично за вегани, но и за луѓе кои се алергични или интолерантни на лактоза.

Кај многу луѓе лактозата не се дигестира во доволен степен и предизвикува гасови, дијареја и непријатност во стомакот и цревата.

  1. Бадемовото млеко може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести

Многу студии потврдуваат дека редовното консумирањето на јаткасти плодови е поврзано со намален ризик од кардиоваскуларни болести. Тоа е така поради фактот што јаткастите плодови содржат витамин Е и здрави масти.

Бадемовото млеко содржи 1% масти, од кои 90% се незаситени. Најзастапена масна киселина е олеинската киселина која може да го промени профилот на мастите во крвта.

Една студија направена на здрави доброволци во времетраење од 6 недели докажала дека внесот на 66 g бадеми или бадемово масло дневно го намалува нивото на “лошиот” холестерол за 6 %, на триглицериди за 14 % и го зголемува процентот на “добриот” холестерол за 6% (15). Сето тоа се поврзува со намален ризик од појава на кардиоваскуларни болести.

Сепак кога е бадемовото млеко во прашање бидејќи е продукт со ниска масленост не можеме да кажеме дека ќе има значаен ефект врз липидниот статус. Позначајно за бадемовото млеко е тоа што е многу добар извор на витамин Е. Со само една чаша дневно задоволувате половина од дневните препорачани дози. Овој витамин е значаен затоа што ја спечува оксидацијата на липидите, а со тоа се спречува таложењето на мастите на ѕидовите на крвните садови и се намалува ризикот од појава на артериосклероза.

Како да го користите бадемовото млеко?

Користете го ова растително млеко на сличен начин како и кравјото млеко.

Бидете внимателни со бадемовото млеко доколку имате бубрежни камчиња бидејќи содржи калциум окалат кој може да предизвика таложење на нови камчиња.

Погледнете ги нашите идеи за здрави десерти тука. Во повеќето од нив како замена за кравјото млеко го користиме токму бадемовото млеко.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *