Хроно ручек: Брза салата со туна и ленено семе

Овој предлог за хроно ручек е за оние денови кога брзате и немате време да готвите. Овој ручек е готов за помалку од 10 минути.

Потребни состојки:

  • 1 туна во конзерва
  • неколку листови марула
  • 1 младо кромитче
  • 2 ротквици
  • 1 морков
  • 1 краставица
  • 1 лажица ленено семе
  • малку хималајска сол и сок од лимон.

Начин на подготовка:

Зеленчукот насечкајте го по сопствена желба. Истурете ја туната и додадете малку хималајска сол и сок од лимон. Убаво размешајте и на крај посипете со лененото семе.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *