Брзи здрави мафини од пченкарно брашно

Споделете со пријателите

Овој брз десерт е одличен за оние кои не сакаат до поминуваат многу време во кујната, а сепак сакаат да јадат здрава и вкусна храна. Овие мафини се одлични за појадок, ужина или пак за било кој дел од денот. Ќе ви ја заситат желбата за благо и ќе ви дадат многу енергија. Задолжително пробајте ги.

Потребни состојки:

  • 1 банана
  • 1 јајце
  • 2 супени пченкарно брашно
  • 2 супени лажици мелени овесни снегулки
  • 1 лажичка мелено ленено семе
  • малку прашок за пециво
  • малку цимет (по желба)
  • ½ лажичка стевија или 1 лажица мед

Начин на подготовка:

Сувите состојки измешајте ги во еден длабок сад (пченкарното брашно, овесните снегулки, меленотот ленено семе, прашокот за пециво и циметот). Во друг сад измешајте го  јајцето заедно со бананата и медот или стевијата. На крај соединете ги двата дела и смесата истурете ја во калапи за мафини. Најдобро е да користите гумени калапи затоа што во нив мафините не се лепат, па така нема да ви биде потребно ни грам масло.

Уживајте во овој брз и вкусен десерт заедно со топол чај или црно кафе.

На здравје!

Овој прекрасен рецепт и слика ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *