Здраво летно освежување: Брз сладолед од диња и банана

Навистина е многу едноставно да подготвите здрав, домашен сладолед. Од две или три состојки ќе имате здрав десерт кој многу ќе ги израдува вашите деца.

Потребни состојки:

  • 2 банани
  • ½ диња (ако е многу голема може и помалку)
  • сок од еден лимон
  • 2 лажици мед.

Начин на подготовка:

Бананите насечкајте ги на кругови, истото направете го и со дињата, насечкајте ја на ситни коцки и ставете ги во замрзнувач малку да се замрзнат. Потоа ставете ги замрзната банани и диња во блендер и додадете го лимоновиот сок и медот. Убаво измешајте и складирајте го сладоледот во соодветен сад. Оставете го замрзнувач многу кратко затоа што бананата и дињата се веќе замрзнати па нема да му биде потребно многу време убаво да се стегне. Дури можете и веднаш да го послужите.

За декорација и дополнителен чоколаден вкус, можете да подготвите домашно органскo чоколадо и да го прелиете сладоледот одозгора. Рецепт за чоколадото, пронајдете тука.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *