Хроно појадок: Брускети со пршут, моцарела и домат

Доколку сте на хроно исхрана знаеме дека појадокот е вашиот омилен оброк, затоа што појадокот е секогаш вистинската гозба. За појадок ви се дозволени многу повеќе намирници отколку за ручек и вечера и имате поголема слобода во нивно комбинирање.

Тестенините и лебот се дозволена намирница за појадок, но сепак не од бело брашно. Дозволено е да јадете тестенини и леб подготвени исклучиво од интегрални брашна. Рецепт за подготовка на хроно леб можете да најдете тука.

Наш предлог за вкусен хроно појадок се овие ароматични и крцкави брускети со пршут, моцарела и домати.

Потребни состојки (за две лица):

  • 6 парчиња хроно леб (рецепт)
  • 1 лажица путер или маслиново масло
  • 6 парчиња пршут
  • 6 парчиња моцарела
  • 2 домати
  • малку свеж или сув босилек.

Начин на подготовка:

Најпрвин на секое парче леб ставете по малку путер или пак попрскајте со малку маслиново масло. Потоа ставете го пршутот, па врз него моцарелата и ставете го во рерна да се запече на температура од 180°С околу 15-тина минути.

Потоа извадете ги лепчињата и врз секое ставете парчиња домат и неколку листови свеж босилек. Ако немате свеж наросете малку сув.

Уживајте во утрото!

Добар апетит!

Повеќе идеи за вкусен хроно појадок, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *