Претворете го вашето тело во машина за согорување масти

Јадете во калориски дефицит

Ова е првото и најбитно правило кое мора да го следите доколку сакате да ги намалите мастите во вашето тело. Доколку трошите повеќе калории отколку што конзумирате, вашето тело нема друг избор освен да ги троши резервите на складирани масти.

Спијте доволно

Процесот на слабеење не е добар за вашето тело од хормонски аспект. Кога сте подолго време во калориски дефицит лачењето на тестостеронот и хормонот за растење е намалено. Тоа понатаму може да предизвика запирање на процесот на согорување масти и започнување на катаболички процес во кој мускулите се искористуваат за енергија. Добриот сон ќе ви помогне да ги одржете овие есенцијални хормони во нормални граници и процесот на слабеење да не застане.

sleeping

Начини како да го подобрите вашиот сон

Црното кафе го намалува апетитот

Најтежок дел во процесот на слабеење е одржувањето на калорискиот дефицит, односно јадењето помалку храна. На моменти чувството за глад е преголемо и тешко е да се одолее на било каква храна Кафето е одлично решение во вакви моменти. Една шоља кафе може да го супресира апетитот и до 2 часа. Но, сепак внимавајте со кафето, не го конзумирајте после 16 часот бидејќи може да ви го поремети сонот кој е неопходен за успешно и здраво слабеење. Затоа наша препорака е да го пиете кафето наутро за да го одложите појадокот за малку подоцна во денот.

Внесувајте повеќе протеини

Кога станува збор за слабеење, протеините завземаат централно место во дневното мени. Причината е што протеините помагаат во формирање на мускулната маса која троши многу повеќе калории додека телото е во мирување, во однос на мастите. Значи мускулите работат во ваша корист дури и кога спиете или седете на работа.

meso

Интензивен кардио тренинг тренинг рано наутро

Едноставно најефикасниот начин да ги согорите мастите е преку кардио тренинг рано наутро, на празен стомак. Овој тренинг може да биде во вид на трчање, брзо одење, пливање, возење велосипед и ролерки или пак вежбање со орбитрек. Овој тренинг не мора да е премногу интензивен. Доволно е пулсот на телото да ви биде околу 140-150 отчукувања на срцето во минута.

Внимателно со јаглехидратите

Јаглехидрати го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, а со тоа последователно се зголемува и концентрацијата на инсулинот. Додека инсулинот е покачен, практично е невозможно за вашето тело да согорува масти. Затоа тоа мора да почека додека инсулинот се врати на нормално ниво за да продолжи со согорувањето масти. Единствен дел од денот кога јаглехидратите нема да ви го попречат процесот на слабеење е после тренинг. Внесувајте јаглехидрати со низок гликемиски индекс кои остепено го покачуваат нивото на шеќер и инсулин во крвта.

Можеби ќе ве интересира: Кето исхрана како ефикасен начин на слабеење

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *