Вежбајте зедно со фитнес клубот FitOne: оваа сезона збогатени со две нови локации во Автокоманда и Аеродорм!

Вежбањето го подобрува квалитетот на живот, ве прави посреќни, позадоволни и ви помага многу лесно да се справите со сите предизвици во животот.

Ќе ве интересира:

Како физичката активност го подобрува целокупното здравје! 

Со физичка активност до подобро ментално здравје!

Да се остане упорен во вежбањето особено ако сте почетник знае да претставува проблем. Многу често луѓето си даваат себеси изговори за тоа зошто денес би го пропуштиле часот по Аеробик. Во многу ситуации тоа се случува ако фитнес центарот во кој вежбате се наоѓа подалеку од вашиот дом. И навистина одењето со кола или со јавен превоз може секако да ви биде одличен изговор зошто денес нема да одите на Аеробик.

aerobic

Фитнес клубот FitOne со својата разновидна програма (Зумба, Аеробик, Пилатес) и можноста за вежбање непосредно во вашето маало на неколку локации низ Скопје: Аеродром (ОУ: Блаже Конески), Ново Лисиче (ОУ: Лазо Ангеловски), Центар (ОУ: Ј.Х.Песталоци), Карпош 2 (ОУ: В.Ц.Трена)Козле (ОУ: Владо Тасевски) и Бутел (ОУ: Ж.Брајковски), а оваа сезона проширени за уште две нови локации, Автокоманда и Аеродором ви нуди можност за вежбање непосредно до вашиот дом.

Во Автокоманда часовите се одржуваат во ОУ: Стив Наумов во фискултурната сала. Минатата сезона на оваа локација часовите се одвиваа редуцирано (само 3 часа неделно), но оваа сезона веќе се нуди целата програма на FitOne во следните термини:

Вторник Четврток Петок Сабота
18:00h Аеробик
19:00h Зумба Аеробик
20:00h Пилатес Пилатес Зумба

Прочитајте повеќе за Аеробик, Пилатес и Зумба.

Сите што се заинтересирани може да се пријават на групата на Facebook или пак да добијат повеќе информаци на бројот 070 22 88 33.

Аеродором е збогатен со уште една Зумба локација, водена од лиценцираните Зумба инструктори во FitOne, а тоа е ОУ: Љубен Лапе (веднаш до Воениот базент). Часовите се одржуваат во холот на училиштето, во следите термини:

Понеделник Среда
19:00h Зумба Зумба

Сите што се заинтересирани можат да се пријават во групата на Facebook или пак да добијат повеќе инфоормации на 070 22 88 23.

Понесете чисти патики, пешкирче и вода, а останатото препуштете им го на искусните инструктори на FitOne :).

На кои други локации се одржуваат часовите можете да погледнете на следниот линк.

Logo Fit One eksperiment 2

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *