Вежбајте пилатес дома (видео)

Пилатесот е иновативен систем од вежби кои го активираат и телото и умот. (повеќе прочитајте тука) Тој претставува спој од вежби кои помагаат за правилно обликување и јакнење на сите мускули во телото, што не е случај со повеќето активности каде акцентот е претежно на големите мускулни групи.

Пилатесот е активност која не бара посебни услови и специјална опрема. Ако сте доволно мотивирани и имате 30 минути време во денот, би можеле да вежбате пилатес и дома. Но, за оние кои прв пат вежбаат пилатес, препорачуваме да бидат внимателни (прочитајте ги најчестите грешки при вежбање пилатес).

Во продолжение 30 минутно видео од основните пилатес вежби.

Најдете малку време во денот за себе и пробајте да ги повторите сите вежби, ќе бидете изненадени колку убаво ќе се чувствувате на крајот. Среќно !

https://www.youtube.com/watch?v=2GEjVdP2YGk

 

 

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *