Вкусен, здрав кајмак на поинаков начин

Споделете со пријателите

Малку поинаков вкусен и здрав кајмак подготвен од јогурт и урда. Урдата е одлична да се јаде после вежбање затоа што е богата со протеини, а сиромашна со јаглехидрати и масти. Протеините во урдата се претежно составени од казеин. Казеинот е вид на протеин кој споро се разложува во телото и токму затоа им помага на мускулите да се регенерираат преку целата ноќ.

Потребни состојки:

  • 1 чаша јогурт (со масленост 1%)
  • 2 големи лажици урда или сирење (изберете со помал % на масленост или пак изберете тофу (соино) сирење)
  • 1 младо кромитче
  • ½ лажичка лук во прав
  • 1 лажичка ленено семе
  • малку сол (доколку користите несолено сирење или несолена урда).

Начин на подготовка:

Кромидот ситно насечкајте го и заедно со другите состојки ставете се во блендер или сецко и убаво соединете ја смесата.

Складирајте го кајмакот во стаклена тегличка и чувајте го во фрижидер.

Одлична комбинација за ужинка во комбинација со оризови галети и сенф во зрна со неколку тркалца краставица и балсамико по желба.

Овој кајмак можете да го користите и како прелив за вашата омилена салата.

Добар апетит!

Рецептот и сликата ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *