Вкусен и здрав намаз од леќа и таан

Доколку сакате да се храните здраво тогаш дефинитивно од исхраната треба да ги исфрлите конзервираните и купени намази кои се полни со адитиви, конзерванси, многу калории и сол. Сите овие состојки се штетни за здравјето, но и за вашите килограми затоа што се толку мрсни и калорични што понекогаш во една мала лажичка можат да содржат дури и 100 калории. Досега имавме неколку предлози за здрави намази и тоа:

Освен што сите овие намази се многу здрави и се полни со хранливи нутритиенти, не содржат конзерванси, адитиви и бои кои можат да го нарушат здравјето.

Овие намази можете да ги користите со интегрално лепче за појадок или пак со солени здрави крекери (рецепт). Солените намази можете да ги користите и како дресинг за салата, а благите како намаз за здрави палачинки (рецепт) или во комбинација со интегрални благи колачиња (рецепт).

Денес списокот на овие здрави намази ќе го збогатиме со уште една рецепта – Намаз од леќа и таан.

Потребни состојки:

  • 100 g варена црвена леќа (оваа леќа се вари многу побрзо од обичната)
  • 1 лажичка таан
  • 2-3 чешниња лук
  • ½ лажичка буковец
  • 2 лажички маслиново масло
  • малку хималајска сол.

Начин на подготовка:

Леќата првин убаво сварете ја и убаво процедете ја. Во тавче на оган сосема кратко на маслиновото масло пропржете го лукот дури не пушти арома и не зарумени. Потоа измешајте ги маслиновото масло, лукот и леќата. Додадете ги и другите состојки: таанот, буковецот и хималајската сол и се заедно убаво измешајте. Најдобро е да ја ставите смесата во миксер или блендер за да добиете убава хомогена структура.

Складирајте го овој намаз во стаклена тегличка и чувајте го во фрижидер.

Добар апетит!!!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *