Ако размислувате што да подготвите за вечера, а сакате тоа да биде здраво, вкусно и брзо, тука сме да ви помогнеме. Ви пренесуваме интересен и брз рецепт кој е богат со омега-3 масни киселини и протеини – Намаз од сардина и авокадо.
Потребни сосотјки:
- 2 конзерви сардина
- 1/2 авокадо (изберете помеко)
- 3 лажички лимонов сок
- 2-3 чешниња лук
- малку црвен бибер (по желба може и лут)
- 1 лажичка маслиново масло
Начин на подготовка:
Маслиновото масло загрејте го и додадете го лукот. Пропржете кратко, потребно е лукот да омекне и да добие пријатен мирис. Оставете го да се олади дури ги подготвувате другите намирници. Авокадото исечкајте го на коцки и заедно со сардините, лимоновиот сок, црвениот бибер и запржениот лук ставете ги во блендер. Блендирајте дури не добиете убава кремаста смеса. Складирајте го намазот во стаклен сад и чувајте го во фрижидер.
Исечкајте една краставица на тркалца и на секое тркалце ставете малку од назамот.
На здравје !!!
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.