Иако многумина мислат дека хељдата е житарка поради нејзиниот изглед, сепак можеби и ќе се зачудите но, хељдата е семе од овошје. Со нејзиниот богат нутритивен состав претставува намирница која заслужува посебно место во нашето секојдневно мени. Содржи само 343 калории во 100 g, а истовремено е богата со протеини, витамини и многу магнезиум (со 100 g хељда задоволувате 60% од дневните потреби за магнезиум). Фактот што оваа намирнцица не содржи глутен ја сместува во групата намирнци наменети за оние кои се алергични на глутен, односно страдаат од целијакија.
Ако се двоумите како да ја подготвите, ние ви даваме интересно решение. Подгответе си вкусна и хранлива салата со хељда која може да биде одличен оборк, полн со хранливи нутритиенти и витамини.
Еве што ви е потребно за една порција салата:
- 1/2 чаша хељда (кисната во вода)
- 1 морков
- 1 цвекло
- зелка
- неколку листови рукола
- маслиново масло
- малку лук
- хималајска сол
- јаболков оцет или сок од 1/2 лимон
Начин на подготовка:
Хељдата ќе ја оставите прелиена со вода да кисне околку 30 минути до 1 час. Сите други состојки можете да ги изрендате или исечкате по ваша желба. На крај убаво промешувате се заедно и зачинувате по желба со маслиново масло, хималајска сол и јаболков оцет или сок од 1/2 лимон.
На здравје !!!
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.