Дали имате недостаток од магнезиум?

Многу луѓе не обрнуваат внимание на тоа колку витамини и минерали внесуваат. Понекогаш тоа може да биде клучот за тоа како се чувствувате. Секој витамин и секој минерал во организамот си има точно дефинирана улога, како и количина која би требало секој ден да ја внесуваме за телото да функционира нормално. Магнезиумот е многу битен минерал за здравјето, потребен за норамална работа на срцето, мускулите, како и за многу метаболички процеси во телото. Недостатокот на магнезиум може да предизвика многу болести како: остеопроза, астма, депресија, дијабетес, како и болести на срцето.

Знаци дека ви недостасува магнезиум

Ако телото има недостаток од магнезиум, тоа започнува да го црпи магнезиумот од коските. Затоа многу е важно навреме да ги препознаете знаците и симптомите кои укажуваат на недосаток на магнезиум: слабост, грчеви во мусклите, треперење на мускулите на капаците на очите, вртоглавица, отежнато голтање, раздразливост, умор, анксиозност, збунетост, намалена меморија, мачнини, повраќање, главоболка, мигрена, неправилна работа на срцето, поспаност, нервоза, губење на апетитот

Неурамнотежена исхрана, еднолични диети, алкохол и одредени болести можат да предизвикуаат знаци кои говорат дека на вашето тело му недостасува магнезиум. Исто така симптомите на недостаток на магнезиум често се поврзани и со други болести, па тешко е да да се прецизира дали симптомите се јавуваат само како резултат на недостаток на магнезиум. Многу е важно да внесувате разновидна храна која е богата со овој минерал, а во случај на поголем недостаток консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт околу разните опции за внес на магнезиумот преку додатоци на исхрана.

Имајте на ум дека потребата за магнезиум е зголемена за време на бременост и доење, исто така спортисти и луѓе со било каква физичка активност, како и луѓе со срцеви заболувања имаат зголемени потреби од магнезиум.

Храна богата со магнезиум

Дневните потреби на човечкото тело за магнезиум се околу 300-400 mg.

Кои намирници содржат магнезиум? Задолжително во исхраната внесувајте повеќе лиснат зелен зеленчук (блитва, целер, спанаќ), јаткаст плодови (ореви, бадеми, лешници, индиски ореви), смокви, банана, ленено семе, чија семе, сончоглед, авокадо, темно чоколадо…

Healthy Foods

Запомнете дека најдобро за вашето тело е да го хрнаните со свежа и непреработена храна што е можно повеќе. Свеж зеленчук и овошје, јаткасти плодови, мешунки се само дел од намирниците кои изобилуваат со скоро сите витамини и минерали потребни за нормално функционирање. За подобро здравје избегнувајте кознервирана храна, слатки десерти полни со рафинирани шеќери и пржена храна.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *