Дали храната може да влијае на киселоста/базноста на телото?

Дали телото може да биде поалкално или поацидно?

Кратко кажано, да. Оние кои редовно вежбаат ја зголемуваат ацидноста во телото после напорниот тренинг.
Го цитираме заклучокот од студија извршена над адолесценти спринтери.

“Базалниот метаболизам генерира органски киселини при интензивен тренинг, сето тоа го зголемува ацидитетот во телото. За елиминацијата на вишокот протони, телото има неколку механизми каде клучна улога заземаат белите дробови и бубрезите.

Храната е главна компонента што влијае на базно-киселиот баланс во човечкото тело. Пронајдена е блиска врска помеѓу составот на храната и pH вредноста во урината и е воведена мерка наречена “potential renal acid load” (PRAL) за видовите на храна.
Овошјето и зеленчукот имаат негативна PRAL вредност што значи дека помагаат во елиминација на водородните јони од телото. Храната полна со протеини и фосфор како месо и сирење имаат позитивна PRAL вредност што значи  ја зголемуваат концентрацијата на овие јони.”

Со други зборови овошјето и зеленчукот го намалуваат ацидитетот на организмот со намалување на PRAL вредноста.

По алкално тело се опоравува побрзо од тешкиот тренинг.

Во продолжение ви нудиме неколку рецепти за смути, кои ќе ви ја зголемат алкалноста и ќе придонесат да се чувствувате поубаво  и полесно да се вратите во нормала после напорниот тренинг. Имајте на ум дека било кое смути со многу зеленчук ќе го направи телото поалкално. Едни од најздравите смутија се оние со цвекло, спанаќ и морков.

Смути со домати:

  • 2-3 цврсти домати
  • 2 парчиња целер
  • 1 морков
  • 1/4 до 1/2 цвекло

tomato_smoothie-127179-edited

Смути со 8 видови овошје и зеленчук:

  • 2 моркови
  • 1/2 цвекло
  • парче ѓумбир
  • 1 зелено јаболко
  • 1 лимон (лупен)
  • 1/2 краставица
  • 1 домат
  • магдонос

Смути со цвекло и морков:

  • 2 моркови
  • 1 цвекло
  • 1 лимон

juicing-2

Ставете се во блендер или соковник и уживајте.

Сите овие различни комбинации од овошје и зеленчук се хидрирачки, алкални и ќе ви помогнат да ги опуштите мускулите после напорен тренинг или натпревар.

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *