7 одлични причини зошто да додадете ѓумбир во сокот од лимон

Ѓумбирот е моментално еден од најпопуларните зачини кој се користи во секојдневната исхрана. Популарноста на ѓумбирот е со право доколку се земат во предвид сите придобивки од неговата употреба. Во чашата сок од лимон која ја пиете секое утро, многу е добро да додадете и малку рендан ѓумбир. Доколку ви е тешко секојдневно да рендате, можете да си подготвите мешавина од рендан ѓумбир и мед која ќе ја чувате во фрижидер и ќе ја користите секое утро (рецепт). Едноставно е, ќе додадете само една мала лажичка во сокот лимон и имате екстра вкусен, освежувачки и здрав напиток.

Во продолжение прочитајте ги придобивките од секојдневното консумирање на ѓумбир:

1) Го јакне имунитетот

Ѓумбирот е вистинска бомба за вашиот имун систем. Доколку често фаќате настинки и сте лесно подложни на вирусни и бактериски инфекции, ѓумбирот е вистинското решение кое може многу да направи за вашето здравје.

2) Намалување на нивото на шеќер во крвта

Ѓумбирот може да помогне во нормализирање на нивото на шеќер во крвта кај пациенти со дијабетес тип II.

3) Може да помогне доколку имате проблеми со варењето на храната

Ѓумбирот е многу ефикасен кај оние кои имаат проблеми со диспепсија односно проблеми со варењето на храната. 1-1.5 g ѓумбир пред оброк може за 50% да го забрза времето кое е потребно храната да се испразни од желудникот и да отиде во црвата.

4) Помага доколку имате тешки и болни менструални циклуси

Кај менструални проблеми околу 1 g дневно ѓумбир може да помогне во намалување на болките и дискомфортот во долниот дел од стомакот кај жените за време на циклус.

5) Ѓумбирот ја подобрува потенцијата кај мажите

Ѓумбирот ја зголемува циркулацијата, поради што овој зачин веќе со години се користи за лекување на неплодност кај мажите. Коренот од ѓумбир содржи аминокиселини кои значително го подобруваат репродуктивното здравје кај мажите. Покачено ниво на холестерол во крвта може да предизвика намалување на нивото на тестостерон, кој е одговорен за нормално функционирање на машкиот организам, а исто така одговорен е и за квалитетна спермогенеза. Бидејќи ѓумбирот помага за намалување на нивото на холестерол во крвта, сето тоа индиректно влијае на машкото здравје и плодноста.

6) Ѓумбирот ќе ви помогне во борбата со вишокот килограми

Познато е дека ѓумбирот ја забрзува циркулацијата, а со тоа го забрзува исфрлањето на токсини од телото. Тој е успешен сојузник во борбата со вишокот килограми и затоа се препорачува да го внесете во вашата секојдневна исхрана доколку сакате да ослабете.

7) Помага за полесна регенерација на мускулите после напорен тренинг

Доколку тренирате секојдневно и интензивно, секојдневното консумирање на ѓумбир може да ви помогне за побрз опоравок и регенерација на мускулите.

Можеби ќе ве интересира: Утринско освежување: Сок од портокал, морков и ѓумбир.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *