Домашно чоколадно тоблероне

Споделете со пријателите

Тоблероне чоколадото е една од омилените чоколади скоро за сите генерации. Дали би одолеале на едно вакво слатко задоволство во здрава варијанта?

Потребни состојки:

  • 200 g темно чоколадо со 70% какао
  • 200 g мелени лешници (можете да ги замените со бадеми или пак да направите мешавина)
  • 2 јајца
  • 6 лажици путер или кокосово масло
  • 200 g интегрални бисквити
  • 200 g кафеав шеќер.

Начин на подготовка:

Половина од шеќерот (100 g) ставете го да се стопи (карамелизира) и во него додадете ги половината лешници (100 g). Убаво соединете го шеќерот со лешниците и оставете го настрана да се излади.

Во друг сад со миксер изматете ги јајцата и остатокот од шеќерот дури не добиете убава пенеста структура.

Путерот или кокосово масло истопете го на пареа и соединете го со смесата со јајцата. Во таа смеса додадете ја и стопената на пареа чоколада и остатокот од лешниците.

Карамелот и лешниците ситно исечкајте ги и додадете ги на сместа. На крај додадете ги и мелените интегрални бисквити и се заедно убаво соединете.

Излијте ја содржината во триаголен калап и ставете ја во фрижидер околу 2-3 часа да се стегне.

Добар апетит!

Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *