Евтини рецепти за поубаво и поздраво лице

Споделете со пријателите

За да спречите појава на акни, да го вратите сјајот и еластичноста на кожата на лицето, пробајте ги овие едноставни маски кои ќе ви помогнат да ја нахраните кожата на лицето. Природната козметика од кујната е најбезбеден и најефтин начин на нега кој секоја жена би можела да си го дозволи.

Овие 5 едноставни маски ќе ви ја нахранат кожата и ќе го вратат сјајот и еластичноста. Погодни се за нормална кожа.

1. Маска од млеко и цимет

Во сад помешајте лажичка млеко, половина лажичка цимет и лажичка мед. Првин лицето убаво исчистете го, а потоа нанесете ја маската со нежни движења, оставете ја да делува 15 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода.

2.Маска од магдонос и краставица

Освежете ја кожата на лицето набрзина со овој лесен рецепт. Изблендирајте малку свеж магдонос, половина краставица и една лажица јогурт. Кога ќе добиете хомогена смеса, измијте го лицето и нанесете ја маската на лицето и вратот. Оставете ја да делува 15 минути и потоа темелно исплакнете со млака вода. Оваа маска освен што ќе ви го нахрани лицето, ќе ви помогне да се ослободите од флеките, лузните и пегите на лицето.

3.Маска од јајце и бадемово масло

Оваа маска е идеална за враќање на сјајот на безживотна кожа. Во сад измешајте едно јајце и една лажичка бадемово масло. Нанесете ја маската на лицето и држете ја 15 минути. На крај измијте го темелно лицето со млака вода и нанесете соодветен хидратантен крем. Оваа маска можете да ја користите два пати неделно.

4. Маска од краставица и мента

Изблендирајте половина краставица, 5 листови мента и лажичка павлака. Внимателно нанесете ја смесата на лицето, избегнувајќи го делот околу очите. После 15 минути исчистете го лицето со млака вода и нанесете соодветен хридратантен крем.

5. Маска од бадеми и зелена глина

Оваа маска е идеална за отстранување на мртвите клетки од кожата и прочистување на порите. Изблендирајте 5-6 бадеми, лажичка зелена глина, лажичка мед и мала лажичка вода. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да делува 15 минути, потоа исчистете го лицето со млака вода.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *