Зголемување на флексибилноста, подобрено држење на телото, ослободување од стресот, спречување повреди и помалку болки во грбот после долго седење се само дел од придобивките од истегнувањето. Практикувајте го истегнувањето пред и после вежбање но, и како индивидуална активност која ќе ви одземе само 5 минути во денот.
Ова 5 минутно видео за истегнување ќе ви помогне да го раздвижите телото после долго седење, ќе ви ги намали болките во грбот и ќе направи да се чувствувате повитално.