Екстра брзи здрави бомбици со суво овошје и јатки

Наместо да правите калорични торти со маргарини, шлагови и многу шеќер, збогатете ја празничната трпеза со здрави десерти кои се подготвуваат навистина едноставно.

Неколку суви овошки, јатки, овесни снегулки и еве ви одлична енергетска закуска.

Потребни состојки:

  • 100 g суви смокви
  • 100 g суви кајсии
  • 100 g суви сливи
  • 100 g мелени ореви
  • 100 g мелени лешници
  • 1 банана
  • за валкање: овесни снегулки и какао (по желба).

Начин на подготовка:

Сувото овошје ставете го во вода да се накисне и убаво да омекне. На крај во длабок сад измешајте ги омекнатите суви овошки со мелените ореви и лешници и претходно изблендираната банана. Ако добиената смеса е течна можете да додадете овесни снегулки или кокос во прав.

На крај формирајте топчиња и валкајте ги во овесни снегулки или во какао.

Добар апетит!

Рецептот и сликата се на Елена Ѓорѓиевска.

Можеби ќе ве интересира: Интегрални божиќни колачиња со ѓумбир

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *