Како да ја намалете инфламацијата во вашето тело и да се заштитите од најопасните болести на денешницата?

Што претставува инфламацијата во телото?

Постојат два вида на инфламација кои се случуваат во телото.

Акутна инфламација е дел од приордниот процес на заздравување на телото. Настанува кога телото е нападнато од надворешни организми и се обидува да се одбрани од нив. Токму тој процес е акутна инфламација кој ние го доживуваме како црвенило или оток на повредениот дел од телото.

Хронична инфламација е поопасен вид на инфламација кој е присутен подолг период во нашето тело (подолго од еден месец). Се појавува како резултат на лошите навики на исхрана и може да доведе до многу сериозни болести како дијабетес, рак, алцхајмерова болест и срцеви заболувања.

Print

3 најчести симптоми на хронична инфламација

  1. Депресија – Не секоја депресија е предизвикана од хронична инфламација, но неколку студии покажале дека депресијата често е симптом на одредена инфламација во телото.
  2. Честа болка во стомакот – Стомакот е место каде инфламацијата најчесто се манифестира. Болестите како Целијакија и Синдром на воспалени цреви се сметаат како надворешни симптоми на инфламацијата присутна низ целото тело.
  3. Постојано сте изморени: Доколку сте изморени и на деновите кога имате спиено 8 саати тогаш причината може да биде хронична инфламација. Хроничната инфламација влијае на центарот за спиење во мозокот и го попречува длабокиот сон. Затоа се случува и рано наутро да се чувствувате изморено.

Намирници кои предизвикуваат хронична инфламација

  1. Рафинирани јаглехидрати –  Овде спаѓаат бел шеќер, бели пецива, тестенини и сите производи кои содржат значително количество шеќер или бело брашно.
  2. Пржена храна – Овде спаѓа се она што се пржи во неквалитетно масло како сончогледово или палминово кои се полни со транс масти.
  3. Напитоци со голема количина шеќер – Овде спаѓаат секако газираните напитоци, но и скоро сите густи сокови кои се навидум здрави, но всушност се исто така полни со шеќер и многу празни калории.
  4. Процесирано месо – секаков вид сувомеснати производи.
  5. Маргарин – полн е со транс масти кои се едни од главните злосторници за најголемиот број срцеви заболувања.

Намирници кои ја намалуваат хроничната инфламација

  1. Домати – полни се со многу антиоксиданси кои штитат од хронична инфламација.
  2. Маслиново масло – содржи омега 3 масни киселини кои го штитат срцето и крвните садови.
  3. Зелен зеленчук: брокула, спанаќ, ќељ, карфиол, зелка и сл. – сите овие зеленчуци се полни со нутритиенти и се многу мноќни антиоксиданси.
  4. Јаткасти плодови: лешници, бадеми, ореви и сл. – исто како и маслиновото масло содржат здрави масти кои го штитат срцевиот мускул и крвните садови и превенираат кардиоваскуларни болести.
  5. Морска риба – лосос, сардина, туна – одличен извор на омега-3 масни киселини.
  6. Овошје – боровинки, јагоди, малини, цреши, портокал – полни се со флавониоиди кои штитат од слободните радикали – предизвикувачи на хронична инфламација.
  7. Одредени зачини како: ѓумбир, рузмарин, оригано – иако овие зачини се користат во многу мали количини, сепак се многу моќни и полни со антиосидански.

Заклучок: 

Решението е очигледно, хранете се здраво и избегнувајте ја процесираната храна. Дајте и предност на свежата и непроцесирана храна. Внесувајте во телото полновредни намирници кои изобилуваат со хранливи нутритиенти. Пијте доволно вода и секако бидете физички активни 🙂

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *