Здрава вегета: Подгответе сами домашна мешавина од зачини

Домашна здрава мешавина од најздравите зачини. Подгответе ја оваа здрава вегета која не содржи конзерванси, скриени шеќери, засилувачи на вкусот и конзерванси. Искористете ја да го зачините било кое солено јадење и да му дадете дополнителна вкусна нота на секој оброк.

Сите зачини кои се користат за подготовка на оваа здрава мешавина  имаат бројни бенефити и придобивки за целокупното здравје.

Можеби ќе ве интересира: 7 супер зачини за слабеење и подобро здравје.

Потребни состојки за подготовка на здрава домашна вегета:

  • 10 g суво оригано
  • 10 g сув рузмарин
  • 10 g лук во прав
  • 10 g куркума
  • 10 g црн бибер
  • 10 g ѓумбир
  • 10 g сув магдонос
  • 20 g хималајска сол

10 g е отприлика рамна супена лажица така што од сите набројани зачини измешајте по една супена лажица. На крај додадете 2 супени лажици хималајска сол и уште еднаш убаво промешајте.

Складирајте го овој зачин во стаклен сад и зачинувајте го скоро секое јадење и салата со него.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *