Здрава мешавина од семиња со мед за убав почеток на денот

Споделете со пријателите

Оваа здрава комбинација од семиња содржи се што ви е потребно за убав почеток на денот. Придобивките од конзумирањето на сите овие семиња секојдневно се многубројни. Ќе си обезбедите внес на многу витамини, микроелементи, антиоксиданти и ќе придонесете за зајакнувње на имунитетот. Комбинацијата од овие состојки овозможува на телото да му обезбедите енергија и правилно да го нахраните.

Потребни сосотојки: 

  • 100 g ленено семе
  • 100 g интегрален сусам
  • 100 g семки од сончоглед
  • 100 g семки од тиква
  • 100 g чија семе
  • 100 g гоџи бобинки
  • 50 g семе од коприва
  • 1 тегла мед
  • сок од 2 лимони

Начин на подготовка: 

Сите семиња се мешаат дури смесата не стане хомогена, потребно е лененото семе, сусамот, сончогледот и семките од тивка да бидат мелени. Кога убаво ќе се соединат се додава медот и се продолжува со мешање, па на крај се додава  сокот од лимон кој убаво ја врзува смесата. Од овие состојки се добиваат 2 тегли од мешавината со семиња.

Најдобро е да се конзумира една супена лажица наутро на гладно. Исто така доколку во денот почувствувате желба за благо слободно посегнете по мешавината, на тој начин ќе избегнете непотребно внесување на рафинирани шеќери.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *