Здрава салата за регенерација на мускулите после вежбање

Храната претставува гориво за нашиот организам, така што особено е важно каков оброк ќе внесеме во периодот кога доаѓа до опоравување на телото после вежбање. Тоа се случува 1-3 часа после физичка активност. Најважно е да му овозможиме на организмот квалитетна, здрава и балансирана порција од макронутритиенти после секој тренинг.

Ќе ве интересира: Што се случува со телото кога не јадеме после вежбање?

Оваа свежа салата со месо и киноа е одлична за после тренинг затоа што содржи и протеини и јаглехидрати, но и многу витамини и минерали од зеленчукот. Киноата содржи сложени јаглехидрати кои ќе ги надополнат изгубените гликогенски резерви од мускулите и црниот дроб, додека месото содржи аминкиселини кои ќе ги нахранат мускулните влакна.

Потребни состојки:

  • сезонски зеленчук по избор (домат, пиперка, краставица, кромид, рукола и сл.)
  • 1 парче династано пилешко месо
  • 3 лажици варена киноа
  • здрав сос од сенф и маслиново масло.

Начин на подготовка:

Подготовка на пилешкото месо:

Пред да започнете со динстање на пилешкото месо, оставете го 30 минути да стои во маринада која се подготвува од 2-3 лажици балсамико оцет, 1 лажица сенф, малку оригано и малку куркума. Потоа ставете го во сад за динстање со малку маслиново масло и вода и оставете го на тивко околу 40-45 минути дури водата целосно не испари.

Подготовка на киноата:

Киноата ставете ја да се вари со вода. Потребно е да додадете двојно количество вода. Тоа би значело дека на ½ чаша киноа, се додава 1 чаша вода, па дури и малку повеќе. Варете ја киноата околу 10-15 минути се додека не омекне и зрната убаво не распукаат.

Подготовка на сосот од сенф:

Потребни состојки се: 1 лажица сенф, 1 лажица маслиново масло, малку хималајска сол и малку оригано. Измешајте се заедно и сосот е готов.

На крај кога сите состојки се подготвени, насечкајте го сезонскиот зеленчук на парченца по ваша желба и во чинијата со зеленчук додадете го месото и сварената киноа. Убаво размешајте се и на крај додадете го одозгора здравиот сос од сенф и маслиново масло.

Можеби ќе ве интересира:  5 идеи за оброк после вежбање.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *