Здрави овошни мафини со просо

Овие здрави мафини се уште еден случаен рецепт, барајќи начин како да го искористам просото кое неколку денови ми стоеше во фиока (зошто е здраво да се јаде просо, прочитајте тука). Се подготвуваат многу брзо и не ви се потребни некои специјални вештини за готвење. Едноставно ги подготвувате состојките, мешате и ги полните калапчињата 😊

Во продолжение рецептот.

Потребни состојки:

  • 10 лажици просо
  • 2 лажици мелен сусам
  • 1 лажица мелено ленено семе
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • ½ прашок за пециво
  • ½ лажичка цимет
  • 50 g путер
  • 2 јајца
  • 1 рендано јаболко
  • 10-тина јагоди
  • по желба може и аронија, малини, боровинки и сл.

Начин на подготовка:

Просото ставете го во блендер и убаво иситнете го. Потребно е да добиете брашно од просо. Во подлабок сад ставете го брашното од просо, мелениот сусам, меленото ленено семе, кафеавиот шеќер, пецивотот и циметот. Со лажица убаво промешајте.

Јаболкото излупете го и изрендајте го. Во друг сад изматете ги јајцата и во нив додадете го путерот (претходно растопен). Јагодите насечкајте ги на ситни коцки.

Во садот со сувите состојки додадете го ренданото јаболко и јајцата со путер и убаво соединете.

Наполнете ги калапчињата за мафини, но не до врв. Оставете малку место и одозгора ставете ги ситно насечканите јагоди. Опционално доколку сакате можете наместо јагоди да ставите и малини, аронија или боровинки.

Ставете ги мафините да се печат на температура од 200-220°С околу 20-25 минути.

Добар апетит!

Можеби ќе ве интересира:

Домашен здрав пудинг од просо со чоколадо или ванила.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *