Здравствени придобивки од ѓумбирот

Коренот од ѓумбир содржи многу корисни витамини и минерали и благотворно дејствува врз целиот организам. Тој исто така содржи и етерично масло, смоли, скроб, слузи, зингеберин од кој потекнува аромата на оваа билка и гингерол кој е одговорен за лутиот вкус. Најдобро е ѓумбирот да го користите во свеж облик (ситно изрендан или исечкан), но добар е и оној во прав кој можете да го најдете во сите подобро снабдени маркети.

Ѓумбирот е широко познат со неговите повеќекратни позитивни ефекти врз здравјето. Ефикасно ја забрзува циркулацијата и го загрева организмот, делува антивоспалително и го намалува крвниот притисок. Чајот од ѓумбир помага при повраќање и гадење во текот на бременоста.

Ѓумбирот го намалува ризикот од појава на тромбоза

Ѓумбирот ефикасно делува против згрутчување на крвта (тромбоза), бидејќи спречува синтезата на супстанцата наречена тромбоксан која им сигнализира на крвните клетки да се групираат. Исто така ѓумбирот ја разредува крвта со што може да ги разбие веќе создадените тромбови со помош на гингеролот кој има структура многу слична на аспиринот, кој е еден од најупотребуваните антикоагуланси во медицината.

Ѓумбирот го намалува нивото на холестерол

Ѓумбирот го намалува нивото на холестеролот во крвта предизвикано од неконтролирана употреба на заситени масти во исхраната.

Ingwertee

Ги олеснува менструалните тегоби

Ѓумбирот ги олеснува предменструланите тегови и грчеви и ја намалува нервозата и напнатоста што се јавуваат кај жените.

Ѓумбирот ја подобрува потенцијата кај мажите

Ѓумбирот ја зголемува циркулацијата, поради што овој зачин веќе со години се користи за лекување на неплодност кај мажите. Коренот од ѓумбир содржи аминокиселини кои значително го подобруваат репродуктивното здравје кај мажите. Покачено ниво на холестерол во крвта може да предизвика намалување на нивото на тестостерон, кој е одговорен за нормално функционирање на машкиот организам, а исто така одговорен е и за квалитетна спермогенеза. Бидејќи ѓумбирот помага за намалување на нивото на холестерол во крвта, сето тоа индиректо влијае на машкото здравје и плодноста.

Ѓумбирот ќе ви помогне во борбата со вишокот килограми

Познато е дека ѓумбирот ја забрзува циркулацијата, а со тоа го забрзува исфрлањето на токсини од телото. Тој е успешен сојузник во борбата со вишокот килограми и затоа се препорачува да го внесете во вашата секојдневна исхрана доколку сакате да ослабете. Наутро во сок од лимон со млака вода додајте неколку парчиња сечкан или рендан ѓумбир. Исто така можете да си подготвите и чај од ѓумбир, кој ќе го пиете наутро пред појадокот и напладне пред ручекот.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *