Здрав десерт: мафини со какао

Споделете со пријателите

Овие здрави мафини со какао се наш предлог што да подготовите кога сакате да јадете нешто благо, а тоа да биде вкусно и здраво. Останатите здрави предлози за здрави десерти може да ги најдете тука.

Потребни намирници:

  •  ½ чаша брашно од бадеми
  •  ½ чаша мелено ленено семе
  • 1 лажица какао
  • 1 лажица сода бикарбона
  • ½ лажица сол
  • 6 урми (или суви сливи)
  • 3 јајца
  • 2 лажици маслиново масло
  • ¼ чаша вода
  • ¼ чаша сусам
  • ¼ чаша семки од сончоглед
  • ½ чаша суво грозје.

Начин на подготовка:

Во голем сад измешајте ги брашното од бадеми, леленото семе, содата, какаото и солта. Во блендер ставете ги јајцата, урмите, маслиновото масло и водата и блендирајте додека смесата не се изедначи. Измешајте ја оваа смеса со сувата смеса од брашното од бадеми и додадете го сусамот, семките од сончоглед и сувото грозје. Смесата ставете ја во калап за мафини и печете 20-25 минути на температура од 250º C.

Послужете ги штом ќе оладат.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *