Здрав и сочен колач со јогурт и јагоди

Искористете ја сезоната на јагодите и подгответе го ова вкусно и сочно задоволство – Здрав колач со јогурт и јагоди. Јогуртот го прави колачот мек и неодолив, а јагодите му дават слатко-киселкаст вкус.

Ах, колку само убаво мириса дури се пече!

Потребни состојки:

  • 1 чаша гриз
  • 1 чаша интегрално брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 4 лажици кафеав шеќер
  • малку рендана кора од лимон
  • 1 чаша јогурт
  • 3 јајца
  • 50 g путер (можете да го замените и со маслиново масло)
  • ванила (по желба)
  • 200 g ситно сечкани јагоди
  • 1 лажица кокос во прав (за декорација)

Начин на подготовка:

Иако можеби не е неопходно, но јас најпрвин гризот го ставив во блендер и го направив сосема прашкаст како брашно.

Во друг поголем сад потоа измешајте ги сувите делови: гризот, брашното, прашокот за пециво, кафеавиот шеќер и изрендајте малку кора од лимон. Убаво соединете ги сувите делови.

Во друг сад изматете ги заедно јајцата и јогуртот и во нив додадете го растопениот путер. Убаво измешајте, па соединете ја течната смеса со сувата.

Доколку сакате додадете малку ванила за вкус.

На крај плехот во кој планирате да го печете колачот попрскајте го малку со маслиново масло или намачкајте го со путер, па истурете ја смесата. Одозгора ставете ги несечканите јагоди и ставете го колачот да се пече на температура од 220°С околу 20-25 минути.

За декорација доколку сакате, наросете малку кокос во прав.

Уживајте во богатиот и сочен вкус!

Други рецепти со јагоди:

Вкусен и здрав десерт: Чиа пудинг од јагода 

Подгответе сами 100% органски домашен џем од јагоди

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *