Здрав колач од палента со малини и бадеми

Палентата е одлична и здрава намирница која спаѓа во групата на безглутенски житарици. Богата е со бета-каротен како и со други витамини и минерали. Палентата претставува многу добар извор на витамин Б1 кој го зајакнува имунитетот и му помага на телото да ја претвара храната во енергија и полесно да се справува со стресот. Исто така оваа намирница спаѓа во групата на нискокалорични храни, содржи само 44 kcal во една порција од 60 g. За разлика од повеќето житарици, палентата не содржи глутен и е одличен избор доколку сте алергични на овој протеин. Иако сме навикнати на конзумирање на оваа намирница во солена варијанта, ние ви нудиме рецепт како да подготвите интересен, здрав и брз колач од палента со малини и бадеми.

Состојки:

  • 150 g палента
  • 100 g бадеми (кршени)
  • 100 g малини (можете да ги замените и со јагоди, вишни или боровинки)
  • малку ванила
  • 2 јајца
  • 100 g кокосово масло (или путер)
  • 2 супени лажици мед
  • 1 мала лажичка прашок за пециво

Подготвока:

Во сад ставете ги кокосовото масло или путерот и медот и добро промешајте со миксер дури не добиете хомогена смеса. Потоа додајте ги јајцата и ванилата. Бадемите ставете ги во сецко и искршете ги, па додајте ги на смесата заедно со палентата и прашокот за пециво. Кога ќе добиете хомогена и едноличина смеса префрлете ја содржината во тава за печење и додајте ги малините. Печете  во загреана рерна на 180° околу 25 минути.

Сервирајте го колачот прелиен со домашен џем од јагоди и малини и уживајте во богатиот и здрав вкус.

На здравје !!!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *