Здрав овошен сладолед

Ако мислевте дека поради диетата сладоледот оваа сезона ќе биде забранет, имаме светла точка за вас – здрав овошен сладолед. Ова ледено задоволство се подготвува многу брзо и лесно и е одлично и за најмалите.

Потребни состојки:

  • 3 банани (ако се поголеми може и 2)
  • 1 чаша замрзнати јагоди (можете да ги замените и со друго слично овошје по желба)
  • 300 ml јогурт
  • 50 g непечени индиски ореви (киснати во вода 1 час).

Начин на подготовка:

Ставете ги во блендер сите состојки и мешајте неколку минути дури не добиете густа и хомогена смеса. Ставете го сладоледот во стаклен сад и оставете го во замрзнувач најмалку 2 часа.

Доколку сакате да ги изненадите најмалите, можете да купите пластични калапи за сладолед (слични како на сликата подолу). Така сладоледот ќе биде вистинско уживање за нив.

На здравје!

Можеби ќе ве интересира:

Ниско калоричен сладолед од банана и путер од кикирики.

3 здрави рецепти за домашно ледено освежување.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *