Здрав џем без термичка обработка од боровинки или капини и чиа семе

Споделете со пријателите

Џемовите подготвени без термичка обработка се најдобрите намази кои можете да ги направите за своето семејство. Кога овошјето се загрева ги губи ензимите и дел од хранливите состојки, па финалниот производ содржи многу малку витамини и минерали. Единствената мана на џемовите кои се подготвуваат без термичка обработка е што не се конзервирани и не можат долго време да стојат. Но, зарем така вкусен џем може да стои повеќе денови 🙂

Овој џем е совршена комбинација со здрави палачинки од овесни снегулки и банана (рецепт), но секако одлично се комбинира и со било какви интегрални крекери (рецепт) или пак едноставно намачкан на парче интегрално лепче (рецепт) во комбинација со кафе или чај.

Потребни состојки:

  • 200 g боровинки или капини (може и мешавина)
  • 3 лажички мед
  • 2 лажички сок од лимон
  • 3 лажички чиа семе

Начин на подготовка:

Боровинките и капините е најдобро е да бидат свежи, но ако имате замрзнати можете и нив да ги искористите ако претходно ги оставите да се одмрзнат и да ја ослободат вишокот вода која ќе ја фрлите.

Во блендер ставете ги сите состојки и мешајте дури смесата не се изедначи целосно. Складирајте го џемот во стаклена тегличка и оставете го во фрижидер минимум 2 часа. Пектините од овошјето и желатинот кој го создаваат слузите на чиа семето за тие 2 часа ќе си ја завршат својата работа и џемот ќе добие одлична густа и кремаста структура.

Можеби ќе ве интересира: Подгответе сами 100% органски домашен џем од јагоди и малини.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *