Хроно вечера: Зеленчукова крем супа со печурки

Ова е одличен предлог за лесна хроно вечера. Во хроно исхраната за вечера се препорачува да консумирате некој полесен протеин (бело пилешко месо, бела риба или пак печурки). Но, внимавајте доколку јадете печурки не е дозволено да ги мешате со месо. Се препорачува зеленчукот кој се јаде за вечера да биде со бела или зелена боја (карфиол, брокули, зелка, краставица, марула и сл.). Како комбинација од погоре наведените дозволени намирници за вечера, имаме интересен предлог – Зеленчукова крем супа со печурки.

Потребни состојки (за 2 порции):

  • 250 g шампињони
  • 1 китка брокула (околу 150 -200 g)
  • 1 китка карфиол (околу 150 – 200 г)
  • 1/ 2 тиквичка
  • околу 600-700 ml вода
  • 1 лажица маслиново масло
  • малку магдонос
  • малку хималајска сол, црн бибер и зачини по желба.

Начин на подготовка:

Брокулите, карфиолот и тиквиката насечајте ги на ситни парченца, ставете ги во тенџере и прелијте ги со водата. Оставете ги да се варат на тивко и убаво да омекнат.

Во тавче што не лепи ставете го маслиновото масло и во него пропржете ги печурките. Потребно е убаво да заруменат.

Кога зеленчукот ќе омекне земете рачен блендер и убаво испасирајте. Ако немате рачен блендер, претурете ја содржината во обичен. На крај, вратете ја содржината во тенџерето и истурете ги во неа пропжените печурки. Додадете малку хималајска сол, црн бибер, зачини по желба и малку свеж магдонос.

Уживајте!!!

Повеќе идеи за хроно рецепти, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *