Аеробик: Забавно вежбање кое ги топи килограмите и ве прави посреќни

Што претставува аеробното вежбање?

Аеробното вежбање подразбира било каква телесна активност при која се користат големите мускулни групи и која може да се изведува подолго време.

Примери за аеробна активност се: пливање, трчање, возење велосипед, веслање, скијање, пешачење, играње, ролање, аеробик и сл.

Аеробната активност ја поттикнува работата на срцето, белите дробови и циркулацијата кои мораат заедно ефикасно да работат во моментите на аеробната активност затоа што мора што повеќе кислород и хранливи материи да се однесат до мускулите кои ја трошат енергијата.

Колку подолго време практикувате аеробна активност, толку повеќе го зајакнувате срцевиот мускул и тој станува поефикасен и ја зголемува количината на крв која ја уфрла во циркулацијата. Оние кои подолго време практикуваат аеробна активност можат да вежбаат подолго време без паузи и многу побрзо се опоравуваат после тренингот, споредено со тие кои не вежбаат таков тип на активност.

Зошто да изберете аеробик?

Аеробикот денес е најраспространетиот облик на рекреативно вежбање креиран така што дава врвни резултати со минимална можност од добивање повреди. Ритмичката музика на која се изведуваат аеробик вежбите дополнително дава мотивација и ве тера да го дадете максимумот од себе.

Со 1 час аеробик се согоруваат околу 500 калори. После 1 час ефективно аеробик вежбање, не само што ќе ги потрошите тие 500 калории, туку ќе си заминете дома среќни и полни со енергија.

Аеробикот ќе ви помогне да ја потрошите и исфрлите од себе негативната енергија акумулирана во текот на денот и ќе ви помогне да бидете посреќна и поисполнета личност. Сето тоа чувство што ќе го побуди еден аеробик час кај вас, ќе ве тера со нетрпение да го очекувате и следниот час затоа што чувството на среќа и задоволство повторно ќе бидат присутни.

Исто така за разлика од теретана или одење на фитнес, аеробикот најчесто е групна активност водена од инструктор кој постојано ве мотивира и поттикнува да го дадете најдоброто од себе. Дополнително, самиот факт што не сте сами, туку сте со група со повеќе луѓе ве прави да се чувствувате уште поенергично и поубаво, а сето тоа е дополнителна мотивација која нема да дозволи да се откажете лесно.

Предности од вежбање аеробик:

  • подобра циркулација
  • зголемен капацитет на срцето и белите дробови
  • намалување на крвниот притисок
  • зголемување на густината на коските и мускулното ткиво
  • зголемување на силата и издржливоста
  • намален ризик од појава на кардиоваскуларни болести, остеопороза и дегенеративни болести на зглобовите
  • подобрена координација и рамнотежа
  • побрз метаболизам и лесно и ефикасно губење на масното ткиво
  • појак имунитет
  • намален ризик од појава на канцерогени заболувања
  • повеќе енергија
  • подобар сон
  • подобро психичко здравје, намален ризик од појава на анксиозност, депресија, лошо расположение, стрес и сл.

Придобивките од вежбањето се огромни, ваше е само да се решите и да започнете веднаш, затоа што изговорите нема да ве направат поздрави и посреќни!

Фитнес клубот за аеробик и пилатес FITLIFE лоциран во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Тафталиџе нуди аеробик часови и тоа во вторник, четврток и недела од 18.00 до 19.00 часот и од 19.00 до 20.00 часот.

Направете го вистинскиот избор за себе и за своето здравје и резервирајте си место на телефон: 071 273 982.

Повеќе за FITLIFE fitness studio, прочитајте тука.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *