Зошто треба редовно да конзумирате кефир

Кефирот е мешавина богата со пробиотици која е позната како традиционален лек бидејќи ја подобрува работата на дигестивниот тракт, одличен е за детоксикација и го намалува нивото на холестерол во крвта.

Кефирот е напиток кој се добива со ферментација на млеко и гранули кефир, кои се составени од живи култури и пробиотски габички (квасец). Мешавината на ферменирано млеко и споменатите габички дава напиток кој содржи хранливи нутриенти, протеини и липиди. Кефирот има навистина долга традиција, а рецептот потекнува од источно азиските земји. Кефирот има киселкаст вкус и многу позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Самиот назив „кефир“ има ерменско потекло и означува благосостојба.

Го чисти организмот и помага при слабеење

Освен пробиотици кои се погодни за стомакот (минимум 40 разни пробиотици), кефирот содржи витамини, особено од групата Б, минерали (калциум ,калиум, магнезиум, фосфор) и протеини.

Кога станува збор за витамините од групата Б, најзастапен е витаминот Б9. Исто така, комбинацијата на витамин Б со магнезиум и калциум го прави кефирот одличен за нервниот систем и во борбата против лажна глад и потреба за храна.

Зошто треба да пиете кефир секојдневно?

  • Го поттикнува варењето на храната и спречува констипација
  • Ги отстранува токсините, го подобрува имунитетот и метаболичките функции
  • Студиите покажуваат дека е многу делотворен во намалување на холестеролот
  • Одличен е за лечење на бронхитис, воспаленија на црниот дроб и проблеми со бубрезите
  • Кефирот е одлично средство за да се победи надуеноста во стомакот
  • Помага во зајакнување на коските и го намалува ризикот од појава на остеопороза.

kefir

Како да подготвите домашен кефир?

За половина литар кефир потребни ќе ви бидат половина литар млеко  и две лажички зрнца кефир. Млекото кое ќе го користите може да биде по ваш избор: кравјо, овчо, козјо, со висока или ниска масленост. Ставете го млекото во стаклена тегла и додадете ги зрнцата. Оставете ја теглата на собна температура додека не згусне. При тоа, на дното од теглата може да се создаде сурутка. Содржината може да ја промешате, за да ја проверите густината. Пред конзумирање промешајте и исцедете ја низ цедалка.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *