Зошто е важен магнезиумот?

Споделете со пријателите

Магнезиумот е олигоелемент кој има огромно витално значење за нашето здравје. Без него не би можеле да продуцираме енергија и нашите мускули постојано би биле во конрахирана состојба. Магнезиумот го регулира срцевиот ритам, го намалува нивото на холестерол во крвта, ја регулира работата на цревата. Магнезиумовиот јон ја регулира работата на повеќе од 300 ензимски системи во нашето тело имајќи улога како ко-фактор.

Ензимите како регулатори на биохемиските реации во телото неможат да функционираат сами. Супстанците познати како ензимски регулатори (ко-фактори) ја регулираат и помагаат работата на ензимите. Овие ко-фактори како што е магнезиумот имаат улога на “клучеви” кои или ја иницираат или ја стопираат биохемиската реакција која се одвива благодарение на ензимот. Магнезиумот е еден од најчестите ко-фактори без кој многу ензимски системи не би можеле да функционираат. Разградба на глукоза и масти од кои се добива енергија, синтеза на протеини, формирање на ДНК и РНК, разградба на холестерол, клеточна репродукција, контракција на мусклните влака, транспорт на супстанци преку клеточната мембрана, регулација на електролитниот баланс се само неколку од позначајните биохемиски процеси во кој магензиумот зафаќа централно место. Освен магнезиумот кој има улога на ко-ензим, како ко-ензими се среќаваат и многу витамини и хормони. Недостатокот од ко-фактори многу лесно може да предизика биохемиските реакции кои нормално се одвиваат во орагнизмот да излезат од контрола. За разлика од хормоните и одредени витамини (Витамин Д, Витамин К) кои телото само ги продуцира во количнини колку што му е потребно, магензиумот е олигоелемент кој не се продуцира во телото туку исклучува се внесува со храна или суплементи.

За да може телото нормално да функционира дневните потреби за Магнезиум се 6 mg по килограм телесна тежина, што би значело околу 350mg за жени и околу 450 mg за мажи.

Што може да предизвика недостакот на магнезиум?

  • недоволен внес преку исхраната;
  • зголемена физичка активност;
  • зголемен внес на алкохол;
  • одредени дигестивни нарушувања (Кронова болест, Целијакија);
  • лекови (одредени лекови од групата на антибиотици, естрогени, кортикостероиди, дигоксин, диуретици , антиканцер лекови, лекови за третман на астма и др.);
  • стрес;
  • дијабетес;
  • нарушување во функцијата на црниот дроб;
  • хормонски нарушувања.

Храна богата со манезиум

Бананите се многу добар извор на магнезиум, во една банана се наоѓа околу 50 mg магнезиум. Зелениот зеленчук како спанаќ, зелена салата, авокадо, блитва содржат големо количество магнезиум кое се должи на присуството на хлорофил (онова во градбата на хлорофилот е магнезиумот), овие зеленчуци содржат околу 100 mg магнезиум во 100 g. Интегралните житарици, интегрален ориз (100 g ориз содржи околу 140 mg), јаткастите плодови (30-40 g на бадеми соджат околу 90 mg манезиум), гравот и мешункастите плодиви се исто така добар извор на магнезиум.

Magnesium-Rich-Foods1 magnesium-rich-food

Затоа јадете разновидна исхрана и трудете се секој ден на вашете мени да се најде по една банана, малку јаткасти плодови и задожително зелен зеленчук, така ќе си го обезедите потребното количесто на магнезиум и ќе спречите развој на многу заболувања.


Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *