5 причини зошто мислите на храна иако не сте гладни

Споделете со пријателите

Сите помислуваме на храна многу почесто отколку што сме гладни.
Сте се запрашале ли зошто е тоа така?
Еве неколку причини зошто ова се случува и како да го избегнете.

1. Жедни сте

Дали знаете дека кога ќе дојде моментот на вистинска жед вие сте веќе дехидрирани. Поентата е дека симптомите на недостаток на течност се јавуваат многу порано отколку самата жед. Еден од тие симптоми е и чувството на глад, односно жедта која се прикрива во вид на глад. Затоа наредниот пат кога сметате дека сте гладни, напијте се првин чаша вода па потоа донесете ја одлуката за јадење или не.

2. Досадно ви е

Ова е најчестата причина поради која вишокот килограми е толку честа појава на денешницата. Многупати јадеме само затоа што ни е досадно.
Решението на овој проблем е едноставно.
Станете зафатени!
Пронајдете стимулирачки активности во кои ќе уживате и нема да мислите на ништо друго додека ги правите.
Една од овие активности е секако физичката активност, што не носи во следната точка …

3. Неактивност

Најбрз лек во оваа ситуација е едноставно да станете и да направете прошетка од 5 минути. Се препорачува на секој еден час седење да се направи кратка прошетка.
Но, доколку на вашето работно место ова не е дозволено тогаш барем отидете до тоалет (по подолгиот пат) и освежете се. Потоа вратете се пак по подолгиот пат.

4. Краток сон

Доколку сте немале квалитетен сон претходната вечер, вие преку целиот ден ќе чувствувате чувство на замор и изнемоштеност. Ова ќе предизвика да посегнете по брзата храна правдајќи си се себеси.

5. Лоша исхрана

Нереален глад се јавува и доколку денот го започнете со голема количина јаглехидрати со висок гликемиски индекс како што се: бели пецива, кроасани, крофни, мекици или пак премногу овошје кое исто така има висок гликемиски индекс. Овој вид храна го покачува инсулинот за многу кратко време, а потоа инсулинот се спушта премногу ниско и токму тоа спуштање под нормалната граница го побудува чувството на глад. Затоа започнете го денот со протеини и здрави масти во вид на јајца, јаткасти плодови (бадеми, лешници, ореви) или интегрални пецива полни со диететски влакна.

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *