Зошто просото е здраво?

Споделете со пријателите

Просото е житарица која природно не содржи глутен. Богато е со протеини, растителни влакна, магнезиум и други хранливи состојки.

Повеќе за тоа зошто е здрава оваа мала и моќна житарка прочитајте во продолжение.

Извонредно хранлива намирница

Просото е добар извор на протеини, растителни влакна, витамини од групата Б, манган, бакар, фосфор и магнезиум. Споредено со другите житарици содржи најмногу аминокиселини и најмногу железо.

Го подобрува варањето

Благодарение на големото количество на растителни нерастворливи влакна, просото допринесува за полесно празнење на цревата. Исто така консумирањето на просо може да ви помогне и доколку имате проблеми со гасови. Оваа намирници се вари најбрзо и најлесно од сите други житарици и претставува една од најалкалните житарици.

Здраво срце

Порради големото количество на магнезиум и калиум оваа намирница може да помогне во контролата на високиот крвен притисок што помага во превенција од кардиоваскуларни болести. Исто така растителните влакна и лигнаните кои ги содржи просото можат да помогнат во намалување на холестеролот и превенција од артериосклероза.

Превенција од астма

Истражувањата покажуваат дека кај деца кои консумираат интегрални житарици многу поретко се појавува астма. Ова особено се однесува на просото затоа што е богато со магнезиум кои придонесува за опуштање на мускулите на дишните патишта.

Помага против замор и го зајакнува имунитетот

Поради високата содржина на Б витамини, макронутитиенти и железо оваа житарка може да ја подобри крвната слика и да ви го зајакне имунитетот.

Ако се прашувате како да ја консумирате, ние имаме одличен рецепт: Домашен здрав пудинг од просо со чоколадо или ванила (рецепт).

Овој пудинг е одличен за целото семејство, одлична идеја за здрав појадок или за здрав десерт во било кој дел од денот.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *