Зошто се здрави бананите

Колку се потемни, толку се повкусни. Содржината на шеќерот во бананите го постигнува максимумот кога бананата ќе постане потполно црна однадвор, тоа е точка во која целокупниот скроб во бананата се претвора во шеќер.

Бананите се богати со витамини и минерали. Прочитајте во продолжение зошто би требало да ги јадете почесто:

  • Бананите помагаат во борба против депресијата поради високото ниво на триптофан во нив кој се претвара во серотонин, хормон на среќа.
  • Содржат Витамин Б6 кој помага во регулирање на нивото на шеќер во организмот.
  • Бананите содржат железо. Конзумирајте ги почесто ако имате проблеми со анемија.
  • Високата содржина на калиум во бананите помага во борба против високиот крвен притисок и го штити организмот од срцев и мозочен удар.
  • Бананите содржат пектини кои ги апсорбираат токсините во цревата. Пектините ја штитат слузницата на цревата па затоа бананите се препорачуваат против хронична дијареа и други цревни заболувања.
  • Бананите делуваат како пробиотик кој помага за развој на “добрите” бактерии во цревата.
  • Содржат високо ниво на диететски влакна и помагаат за подобрување на варењето и полесно прочистување на цревата.
  • Бананата ќе ви помогне доколку имате дијареа. Со неа ќе ги надокнадите изгубените електролити.
  • Бананата е природен антацид, ги намалува проблемите кај луѓе кои имаат зголемено лачење на желудечна киселина, рефлукс, гастрит и сл. Исто така бананите го штитат желудечниот ѕид од оштетувања кои се јавуваат како резултат на пореметувања во лачењето на желудечната киселина.
  • Бидејќи бананите содржат високо ниво на витамин Б, магнезиум и калиум, тоа помага за побрзо одвикнување од пушење.
  • Искористете ја и кората од банана, при убод од инсект ако се јави иритација и црвенило искористете го внатрешниот дел од кората од бананата да го протриете зафатеното место.
  • Кората од банана можете да ја искоритите и како чистач на чевли. Поминете ги кожените чевли со внатрешниот дел од бананата.

Бананите содржат скоро се што му треба на организмот. Тие исто така претставуваат идеална храна за вашето бебе затоа што не содржат алергени и не предизвикуваат алергии. Бананите се прв избор на храна кога е во прашање премин од течна на цврста храна во бебешкото мени.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *