Зумба за време на бременоста

Споделете со пријателите

Бременоста е прекрасен период во животот на една жена, но исто така и период кога жената се соочува со многу промени и прилагодувања. Една од најважните работи за секоја идна мајка е да има безбедна, здрава и помалку напорна бременост. Умерена физичка активност за време на бременоста може да делува многу благотворнo и врз мајката и врз бебето, нормално доколку не постојат одредени компликации.

Редовното вежбање во текот на бременоста може да ви помогне да имате здрава бременост, многу полесно да се носите со новите промени и се разбира да ви овозможи полесно породување. Вежбањето особено им се препорачува на оние мајки кои пред бременоста биле активни.

Изберете ја  Зумбата како физичка активност за време на бременоста

Зумбата како физичка активност може да ја практикувате во бременоста. Најдобро е со физичка активност да се започне после третиот месец од бременоста, бидејќи зголемувањето на температурата на телото кое се случува при физички напор може да биде ризично за плодот во почетните месеци. Најдобро е прво да се консултирате со вашиот гинеколог, а и со инструкторот кој го води часот се со цел вежбите да бидат правилно издозирани и прилагодени.  Со практикување зумба во бременоста на забавен и интересен начин  многу позитивно ќе влијаете и врз своето и врз здравјето на бебето.

Зошто да практикувате зумба за време на бременоста:

  • Ги намалува болките во мускулите предизвикани од неактивност и го подобрува држењето на телото
  • Физичката активност го намалува ризикот од развој на гестациски дијабет (шеќерна болест која се развива во текот на бременост).
  • Зумбата како активност ја забрзува циркулацијата во организмот, а со тоа го зголемува пренесувањето на кислород и хранливи материи до фетусот
  • Физичката активност за време на бременост исто така го намалува ризикот од проширени вени во нозете, хемороиди, ја намалува болката во грбот, го намалува запекот и воопшто помага полесно да се совладаат физичките и психичките предизвици на породувањето
  • Мајките кои вежбаат за време на бременоста по породувањето многу лесно и брзо си ја враќаат тежината која ја имале пред бременоста.
  • Вежбањето и дава чувство на мајката дека не е целосно беспомошна и кревка
  • Без разлика дали вежбате зумба во бременост или не, со вежбањето зумба вежбате на забавен начин, не мислите на напорот и генерирате позитивна енергија поради лачењето на хормонот на среќа
  • Со зумба никогаш нема да вежбате до истоштување, бидејќи после секоја брза песна, следи поспора
  • Со вежбањето зумба се вежба целото тело, напорот при вежбањето мајката може сама да си го прилагоди прескокнувајќи ги чекорите кои и изгледаат ризично….не мора да застанете, продолжете и акцентот на тој чекор дајте го со раце или нозе, наместо со стомачните мускули
  • При вежбањето пилатес акцентот е на централниот дел од телото, односно на стомачните мускули, кај зумбата акцент е целото тело

Се препорачува редовност во активноста за да се постигнат максимално саканите ефекти.

Многу е важно пред да започнете со физичка активност да го консултирате својот лекар. Дополнително консултирајте се и со инструкторот кој ќе ги прилагоди вежбите и ќе ви помогне правилно да ги изведувате со цел да го извлечете максимумот  без да си наштетите и на себе и на своето бебе.

Во прилог ви пренесуваме изјави од две прекрасни идни мајки, зумба инстркторки во Фитнес клубот ФитОне :

Ана: “Без зумба неможев уште пред забременувањето, а сега уште помалку. Тоа е едноставно уникатен спој на физичката активност и таква позитивна енергија, што самиот по себе си заразен! Со оглед на тоа дека бременоста ми тече во одличен ред, од мојот гинеколог имам дозвола за умерено вежбање и истото го практикувам преку зумбата. Кој пробал не зажалил, а тие што до сега вежбале и останале бремени, слободно можат да продолжат доколку имаат нормална бременост.”


Јана: “Зумбата одново ми е предизвик и никако не ми здосадува. . Предизвик ми се сега чекорчињата кои треба да ги измодифицирам за да не ми бидат напорни како кога не би била бремена. Исто така, одеднаш зафаќам повеќе волумен во просторот и наместо тоа да го сфаќам поминувајќи меѓу коли на паркинзи или во автобус, за ова станувам свесна секој час на зумба. Зумбата ми дава ориентација за своето тело во просторот и пресреќна сум дека не ми е ништо скратено, сѐ можам, што ако ќе бидам мајка.”

12910726_10153918965166708_965175199_n

Никогаш не е доцна за вежбање. Ако имате нормална бременост воопшто не двоумете се, започнете уште денес.

Фитнес клубот ФитОне  ви нуди можност да ги искусите позитивните страни од вежбањето Зумба за време на бременоста, притоа искусните инструктори ќе ви помогнат и ќе ве насочат правилно да ги изведувате вежбите. Проверете која локација најмногу ви одговара и започнете уште денес, Ве очекуваме.

12910842_10153919020706708_1492428339_n

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *