Зумба: Танцот е најдобра вежба за вашето тело

Zumba Fitness е најуспешниот бренд во фитнес-вежбањето. Zumba не е танц, не е ни верзија од класичен аеробик, туку е програма за вежбање која е смислена од Alberto “Beto” Perez, кој во 2001 година ја брендирал и ја шири низ светот преку лиценцираните Zumba Fitness инструктори.

Zumba претставува програма на аеробни вежби каде што се вклучени елементи на танцување, т.е. комбинира основни чекори од танците кои се применуваат на латино и интернационална музика со цел да се направи вежбањето забавно.

 Ви претставуваме неколку причини зошто зумбата се смета за добар начин на губење на килограмите:

Согорува калории

  • Зумбата доведува до губење на килограмите бидејќи согорува многу калории. Во просек, еден час Зумба помага да изгубите од 500-1000 калории.

Делува како вежба за дишење

  • Зумбата спаѓа под категоријата на аеробно вежбање. Аеробното вежбање го активира кардиоваскуларниот систем и благодарение на тоа трошите многу калории и губите тежина. Исто така зумбата ја зголемува и моќта на белите дробови.

Ги дефинира мускулите

  • Со зумба не чувствувувате интензивното вежбање, а сепак  губите масни наслаги и ги обликувате мускулите.
  • Зумбата ќе ви помогне да ги активирате скоро сите мускули во вашето тело.

Прилагодена е за сите

  • Лесна и не-фрустрирачка околина за учење на нови движења во танците. Не сте ни свесни дека ќе знаете да танцувате после неколку часа зумба. Тоа што ќе го научите на часовите по зумба ќе можете да го искористите во разни прилики кои ќе ви донесат дополнителни среќни моменти.
  • Со вежбање зумба ќе добиете позитивна слика за себе. Ќе се чувствувате самоуверено и среќно.
  • За време на зумба часот, времето ќе ви помине брзо и во ниту еден момент нема да почувствувате досада затоа што музиката и забавните движења ќе ви го подигнат расположението.
  • Зумбата ќе ви помогне да запознаете нови луѓе и да стекнете нови пријателства.

Многу позитивна енергија

  • Зумбата делува како многу јака и видлива анти-стрес терапија. По напорен ден, со вежбање зумба ја исфрлате од вас целата негативната енергија, а се полните со многу позитивна енергија.
  • Позитивната енергија и чувтвото на задоволство и среќа нема да траат само за време на часот, туку и потоа, па дури и наредниот ден.
Zumba

Совети за почетници:

Каква облека треба да носите?

Иако постои облека која е наменета за вежбање на Зумба, така наречена ZUMBAwear, сепак можете да вежбате зумба во било каква пријатна и комотна облека во која се чувствувате убаво. Задолжителни се патики што одговараат за вежбање и шише вода.

Првиот час

Најдобро е на првиот час да се потрудите да го пратите инструкторот и да ги научите движењата што се користат. Се препорачува да ги пробувате чекорите кога инструкторот ги објаснува пред почетокот на кореографијата. По можност застанете во првите редови за да можете подобро да ги гледате вежбите и полесно да ги копирате од инструкторот.

Најважно е да се препуштите на забавата и да уживате во Зумбата. Дозволено е, а и се охрабруваат вежбачите за време на зумба часот да се забавуваат на свој начин, користејќи врескања, пискања, навивање и други „откачени“ активности 🙂

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *