ZUMBA Fitness – Забава што не смее да се пропушти!

Zumba Fitness претставува програма на аеробни вежби каде што се вклучени елементи на танцување. Всушност Зумбата комбинира основни чекори од танците кои се применуваат на латино и интернационална музика со цел да се направи вежбањето забавно.

Музиката е клучната состојка на Зумба часовите. Кореографијата креирана со специфични тактови и смени на темпото, транзиции на вежбањето од едно во друго движење вклучувајќи тонирање, зацврстување или кардио движење, целат кон секоја мускулна група во телото. Зумбата позајмува латино вкусови од следните стилови на танцување: Salsa, Merengue, Mambo, Flamenco, Chachacha, Reggaeton, Samba, Belly Dance, Hip Hop, Tango и многу други.

Вежбањето Зумба, носи многу придобивки, но пред се ќе ви донесе насмевка на лицето, ведар дух и многу позитивна енергија.

Повеќе за тоа што претставува Zumba Fitness прочитајте тука.

Со повеќегодишно искуство во правење Зумба забави FitOne клубот нуди уште едно ноемвриско изненадување што ќе се одржи во ноќниот клуб Станица 26 на 26 Ноември (сабота) од 19:00 часот.

Како и на сите зумба забави до сега, ќе има нови Zumba кореографии, нови Zumba песни, нови Zumba движења во изведба на Zumba инструкторите од FitOne.

Централно место ќе завземаат групите на Zumba вежбачите кои ќе се прикажат себеси со комплетно нови Zumba кореорафии.

Зумба забавата иако организирана од FitOne наменета е за сите љубители на Зумба Фитнесот, а не само за вежбачите во FitOne. Споделете ја Зумба енергијата помеѓу толпата од Зумба фанови и почувствувајте ја позитивната страна на Зумба ритамот.

Како и до сега, без никакви ограничувања во пол и возраст. Добредојдени се сите, а забавата секако е загарантирана.  Ве очекуваме!

Dress Code: Шарено (весели бои) или Zumba облека.

Влезница: 150 денари со конзумација. 

Повеќе инфо на FitOne Zumba Fitness Забава или 070 / 22 88 23.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *