Предлог за здрав ручек: Интегрални такос со лосос и зеленчук

Овој предлог за ручек е за оние денови кога ви се брза и сакате ручекот да биде здрав, вкусен, но да не ви одземе многу време.

Интегралните тортиљи за подготовка на такос можете да ги купите во било кој подобро снабден маркет, а ако имате повеќе време можете и сами да си направите, рецепт пронајдете тука.

Лососот во овој рецепт можете да го замените и со туна, ако времето за подготовка ви е навистина кратко. Од зеленчук можете да користите што сакате, јас користев златна мешавина, краставички, домати и рукола. Еве го рецептот во целост:

Потребни состојки (за 2 големи такос):

  • 2 парчиња интегрални тортиљи
  • 1 парче печен лосос, околу 300 g (може да се замени и со 1 голема конзерва туна)
  • 2 лажици златна мешавина
  • 1 домат или 5-6 чери домати
  • 1 краставица
  • 1 лажица доматен сос
  • 1 лажица сенф
  • малку рукола
  • зачини по желба (сол, бибер, оригано и сл.)

Начин на подготовка:

Доколку се решите да користите лосос, ќе мора претходно да го испечете. Но, подготовката на лососот е многу брза. Посолете го со малку хималајска сол и малку маслиново масло и печете го во загреана рерна 15-тина минути на 200°С. Потоа извадете го и насечкајте го на ситни парчиња и поделете го на две еднакви половини.

Зеленчукот исто така насечкајте го на ситни парченца и измешајте во еден сад се заедно.

Најпрвин тортиљата намачкајте ја со сенф, па потоа и со доматен сос. Ставете врз едната тортиља половина од зеленчукот и половина од рибата, посолете, зачинете по желба и завиткајте ја тортиљата. Истото направете го и со другата.

Ручекот е готов 🙂

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *