Интегрални тестенини во сос од авокадо

Споделете со пријателите

Потребни состојки (за 2 лица):

  • 200 g интегрални тестенини
  • 1 зрело авокадо
  • 1 главица кромид
  • 5-6 маслинки
  • сок од лимон
  • 1 лажичка сенф
  • сол, црн бибер и ситно сечкан магдонос
  • 1 лажица маслиново масло.

Начин на подготовка:

Тестенините првин сварете ги. Потоа во тефлонско тавче ситно насечкајте го и пропржете го кромидот. Во друг сад или во блендер изгмечете го авокадото, лимонот, солта и зачините. Потоа сосот од авокадо додадете го во тавчето со кромидот и убаво измешајте. На крај извадете им ги семките на маслинките и насечкајте ги, па додадете ги на сосот. Измешајте ги сварените тестените со сосот и уживајте!

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *