Хроно појадок: Интегрални шпагети со шампињони и запечен сусам

Хроно појадок набрзина, за моментите кога немате подготвено здраво хроно лепче за наутро (рецепт за хроно леб можете да најдете тука). Во хроно исхраната тестените се дозволени за појадок, но само од дозволените брашна. Изберете интегрални шпагети.

Еве го нашиот предлог за вкусен хроно појадок.

Потребни состојки:

  • интегрални шпагети (за да можете полесно да определите колкава количина ви е доволна за една порција, направете го тоа со помош на шише како на сликата подолу J)
  • 100 g свежи шампињони
  • 1 лажица сусам
  • малку замрзната или свежа брокола (по желба)
  • малку свеж магдонос
  • 1 лажица маслиново масло
  • малку хималајска сол.

Начин на подготовка:

Првин сварете ги шпагетите и убаво исцедете им ја водата. Во тавче што не лепи ставете го маслиновото масло и загрејте го, во него додадете ги насечканите шампињони. Пропржете малку и потоа додадете го сусамот. Доколку користите и брокола, ставете ја и неа и пржете дури не омекне. Потоа додадете ги сварените шпагети и посолете со малку хималајска сол.

Ставете ги во чинија и одозгора ставете го свежиот магдонос насечкан на ситно како на сликата.

Уживајте во утрото!

На здравје!

Рецептот и сликите ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *