Како да го започнете денот со вежбање?

Постојано се среќаваме со тврдењето дека утринското вежбање е многу ефикасно. Но, вежбањето наутро може да биде и контрапродуктивно доколку не сте доволно наспани. Многу истражувања покажуваат дека недостатокот на сон може да предизвика многу последици по здравјето, од зголемување на килограмите до појава на дијабетес и секако недостаток на енергија и чувство на замор.

6-minute-morning-workout-routine

Затоа, пред сѐ, одлучете во кое време би требало да станете за да имате доволно време за утринско вежбање, а потоа пресметајте во кое време треба да си легнете. Најголемиот број експерти препорачуваат 7-8 часа сон секоја вечер. Доколку обично заспивате околу полноќ, не очекувајте дека веднаш ќе заспиете ако заминете во кревет во 21:00 часот. Започнете најпрво да заминувате во кревет барем 15 минути порано од вообичаеното, сѐ додека не дојдете до вашето идеално време за спиење. И запаметете, часовите кои ги поминувате во кревет, не се исто што и часовите поминати во сон, затоа погрижете се да заминете на спиење порано бидејќи ќе ви треба одредено време да се опуштите, па потоа  да заспиете.

Смислете реална стратегија за успех

Дали теретаната е навистина опција за вас во 6 часот наутро? Размислувате што сѐ друго може да правите наместо да одите во теретана? Затоа, одберете активност во која ќе уживате и која ви одговара на животниот стил. Без разлика дали станува збор за пилатес, јога, аеробик или можеби утринска прошетка или трчање, пронајдете активност која ќе ве прави среќни кога вежбате.

Убедете се себеси (дури и поткупете се)

Дури и ако сте спиеле 8 часа, станувањето од кревет порано може да биде вистинска борба за вас. И заради тоа, свесно ви предлагаме: поткупете се себеси.

Доколку сакате да го започнувате денот со кафе, направете договор самите со себе, дека ќе си дозволите да си купите најубаво кафе на патот кон работа, само ако наутро  вежбате.  Или ако сакате да купите некој пар чевли или нешто што оддамна го меркате, дозволете си го по еден месец утринско вежбање. Можеби ќе ви звучи лудо, но ако ова е потребно за вашата мисија да биде исполнета, вреди да се обидете.

Бидете подготвени

Лишете се себеси од изговорите за прескокнување на утринското вежбање, на тој начин што својата дневна рутина пред и по вежбањето ќе ја направите едноставна и лесна за следење. Имајте спремна облека за вежбање, вода и сите реквизити кои би ги користеле, но и спремна бања за туширање, со цел да не губите време.

Исто така, може да составите плеј листа на песни кои ве мотивираат. Не мора да чекате да почнете со вежбање за да го пуштите својот микс на песни. Особено значајно е и ако најдете партнер за вежбање. Најнапред може да се обидете со социјалните мрежи. И не велиме дека секој детаљ од вашето вежбање треба да биде објавен на социјалните мрежи, но реакциите и поддршката од социјалните мрежи може многу да ви помогнат. Обидете се да се приклучите во групи во кои луѓето споделуваат колку и како вежбаат и нека тоа ви биде мотив.

Секогаш имајте план Б

Сепак, секогаш имајте резервен план. Можеби сте се одлучиле дека најдобра стратегија за вас е утринско планинарење или трчање во природа, но што да правите кога ќе се разбудите  и гледате дека времето е лошо и многу врнежливо? Одлучете однапред што ќе направите доколку (кога) ќе се случи нешто што не е во ваша контрола. Направете алтернативен план – статичниот велосипед на пример, е одлично решение за ваквата ситуација.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *