Како да ја конзумирате куркумата за максимални ефекти

Куркумата е одличен зачин со огромни придобивки за нашето здравје. Таа е природен лек и превенција за кардиоваскуларни заболувања, алергии, бронхит, астма, дијабетес, епилепсија и др. Исто така куркумата е мошне ефективна за превенција од многу малигни заболувања. Интензивните научни проучувања насочени кон овој зачин во последните неколку години се во насока на откривање на здравствените придобивки од него. Многу студии потврдуваат дека куркумата може да биде одлична превентива и лек против многу болести.

Но, малку е познато дека активната состојка на овој зачин многу малку се апсорбира од дигестивниот тракт во крвта. Скоро е невозможно да ги добиеме придобивките од куркумата ако ја конзумираме како едноставен зачин во салатата. Многу студии потврдуваат дека овој зачин има многу мала биорасположивост внесен преку орален пат. (прочитајте повеќе)

Во продолжение следуваат 3 начини како да ја зголемите апсорпцијата и биорасположливоста на овој зачин:

1) Комбинирајте ја куркумата со здрави масти

Куркуминот кој е главната активна компонента на куркумата е нерастрворлив во вода, но добро растворлив во масти. За да ја зголемите апсорпцијата и биорасположливоста на куркуминот потребно е да ја комбинирате куркумата со здрави масти. Можете да ја комбинирате со маслиново, кокосово масло или путер. Во овој случај куркумата директно ќе се апсорбира во крвотокот преку лимфниот систем, така што делумно ќе го одмине црниот дроб. На овој начин куркумата полесно се апсорбира, а исто така и помалку е изложена на метаболизам и разградба што овозможува подолго време да остане во телото.

turmeric-curcumin

2) Секогаш комбинирајте ја куркумата со црн бибер

Доколку го користите овој зачин во вашата салата, секогаш комбинирајте го со црн бибер. Црниот бибер и сам по себе е многу здрав за јадење, но исто така се покажало дека кога овие два зачини се комбинираат заедно, апсорпцијата на куркумата се зголемува за дури 2000% проценти. Овие два зачини можете да ги најдете во комбинација и во зачинот кари.

3) Високата температура ја зголемува биорасположливоста на куркумата

Високата температура значително ја подобрува апсорпцијата на овој зачин. Затоа кога приготвувате некој оброк каде веќе имате загреано масло, не заборавајте да ја додадете и куркумата во комбинација со црн бибер.

Дневна препорачана доза од овој зачин во форма на сушен прав е од 1-3 g.

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *