Кинеска маска за лице

Здрава и негувана кожа е сон на секоја жена. Негата на лицето подразбира секојдевно миење, упортреба на креми со заштитен фактор, чистење со соодветни лосиони за остранување шминка и користење креми за хидратација. Иако една од најомилените работи на жените им се скапите козметички препарати, билната и кујнската козметика не се за потценување. Напротив, билките, житарките, овошјето, зеленчукот, маслиновото масло и киселото млеко даваат извонредни ефекти врз кожата. Во согласност со најновите трендови и се поголемото свртување кон природната и органската козметика ви предлагаме домашен рецепт за маска за лице која има за цел да го нахрани лицето, да го изедначи тенот и да ја намали појавата пигменти и флеки по лицето.

Што ви е потребно за подготовка на кинеската маска за лице? 

  • 1 мала лажичка мед
  • 1 мала лажичка густин (оној кој се користи за подготовка на торти и колачи)
  • 1 мала лажичка  хималајска сол

Како да ја подготвите? 

Медот и густинот добро ги мешате, потоа ја додавате морската сол и повторно убаво промешувате дури не се добие хомогена смеса.

Маската е спремна.

Ја нанесувате на чисто лице. Не заборавајте дека основата на секој домашен козметички третман е инхалација, односно парење на лицето. На тој начин ги прочистувате и отварате порите и овозможува состојките од маската да продрат подлабоко во кожата и да го дадат максимално посакуваниот ефект.  Нанесете ја маската на лицето во неколку слоеви, држете ја 20-25 минути, потоа исплакнете го лицето со топла вода. Ова маска може да ја користите 3-4 пати неделно за да ги почувствувате маскимални резултати.

Бонус информација!

Еднаш неделно чистете го лицето со раствор од Витамин Ц (ампула која можете да ја купите во било која аптека).  На памукче нанесете од растворот и поминете го лицето, на тој начин дополнително ќе ја нахраните кожата. Лицето ќе ви возврати со еластичност, мекост и сјај.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *