Која сол е најдобра: морската, кујнската или хималајската?

Солта без сомнение е најчесто користен зачин во нашите кујни. Иако поголема количина на сол во исхраната може да биде и штетна, сепак без сол не може да се замисли ниту еден оброк.

Научните истражувања велат дека со денешната исхрана луѓето внесуваат поголема количина на сол отколку што е потребно, а токму поголемата количина на сол во организмот е причина за развојот на многу болести. Најчесто солта е виновник за појава на бубрежни заболувања и зголемен крвен притисок кој предизвикува нарушување на функционирањето на кардиоваскуларниот систем. Сепак тоа не значи дека солта треба да се исфрли од исхраната. Солта учествува во многу физиолошки процеси во организмот. Таа помага во одржувањето на крвниот притисок, го одржува функционирањето на нервниот систем, влијае на квалитетот на спиењето, ги намалува воспалителните процеси на мускулите, учествува во апсорпцијата на хранливите материи од храната.

Солта е неопходна за нормално функционирање на организмот, но во умерени количини. Не треба никогаш да забораваме дека готовите намирници (сувомеснати производи, конзервирани производи, сосови) изобилуваат со сол и затоа треба да бидеме внимателни со нивното консумирање.

На пазарот постојат различни соли кои имаат и различни карактеристики и вредности. Од разните видови на сол се поставува прашањето која да ја одбереме. Најчесто тоа се морската сол, кујнската сол и хималајската сол.

Морска сол

Се добива со испарување на морската вода. Но, со хемискиот процес на обработка таа губи многу од своите минерали, а со тоа се намалува и квалитетот. Морската сол пред хемиската обработка покрај натриум хлоридот содржи и многу други минерали но, во процесот на преработка тие се губат. Природната морска сол содржи околу 80 минерали и тоа калциум, калиум, бром, манган, магнезиум, јод, железо, флуор и др.

Предности од умерено консумирање морска сол:

  • го јакне имунолошкиот систем,
  • го алкализира телото (одржува здраво ниво на рН вредноста на организмот),
  • ги одржува здрави кожата, косата и ноктите,
  • ги намалува воспалителните процеси во респираторниот систем,
  • ги олеснува тешкотиите на заболените од астма,
  • го намалува нивото на холестерол и одржува здраво срце,
  • ги намалува потребите на инсулин кај болниот од дијабетес,
  • ги прави коските поздрави,
  • спречува мускулни грчеви и спазми.

За жал заради глобалните загадувања морската сол може да биде загадена и со други токсични елементи кои се наоѓаат во отпадните води кои завршуваат во морињата.

Sea salt on wooden spoon

Кујнска сол

Кујнската или камена сол се добива со ископување на солни наслаги во рудници. Природно оваа сол е морска затоа што останала на места каде што морето или исчезнало или се повлекло. Меѓутоа од ископувањето од рудникот до нашата трпеза таа исто така поминува многу хемиски процеси при што и се додаваат многу адитиви и притоа го губи квалитетот. Во преработката и се додава најчесто јод, минерал кој е одговорен за заштита од многу болести меѓу кои болестите на штитната жлезда. Она што значајно и пресудно ја намалува вредноста на овој вид на сол се високите температури на кои се изложува при преработката (до 650oС). На овие температури и се уништуваат сите позитивни својства. Покрај тоа со консумирањето на овој вид на сол се доаѓа до задршка на вода во организмот, што ги оптеретува пред се крвните садови и бубрезите. За секој грам од оваа сол организмот повлекува дури 20 пати поголема количина од клеточната вода. Овој процес го поттикнува развојот на целулитот, реуматизам, артритис, бубрежни и жолчни камења, зголемен крвен притисок.

Хималајска сол

Хималајската сол со своите карактеристики се истакнува над другите видови, таа содржи над 95% натриум хлорид како и повеќе од 84 есенцијални минерали и елементи.  Тие се наоѓаат во органска и колоидна форма. Форма која човековото тело лесно ја апсорбира.

Хималајската сол е со розеникава боја што се должи на атомите на железо вклучени во нејзината кристална решетка.

salt

Од здравствените предности кои и се препишуваат на хималајската сол издвојуваме:

  • контрола на нивото на водата во организмот
  • стабилизирање на рН вредноста на организмот
  • нормализирање на нивото на шеќерот во крвта
  • намалување на знаците на стареење на организмот
  • поддршка на васкуларното здравје и циркулацијата
  • ја подобрува функцијата на респираторниот систем
  • го зголемува здравјето на коските
  • природна поддршка за добар сон
  • ги одржува здрави бубрезите и жолчката.

Која сол да ја одбереме?

Без двоумење предност треба да и се даде на хималајската сол заради нејзиниот квалитет и вкусот со кој ќе го збогати вашиот оброк. Морската сол може да се користи за варење на одредени намирници, додека кујнската треба да се избегнува заради термичката постапка на обработка со која го губи квалитетот.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *