Здраво летно освежување: Домашна лимонада со лаванда и коцки лед

Во овие топли летни денови се што ни треба е ладно освежување. Но, зошто да посегнете по газирани пијалоци и сокови кои се полни со многу шеќери и многу празни калории. Навистина е многу едноставно да си подготвите ледено, летно и здраво освежување дома.

Потребни состојки:

  • 400 ml вода
  • 3-4 гранчиња лаванда
  • сок од еден цеден лимон (по желба може да се додаде и портокал)
  • 1 лажичка мед (по желба)
  • неколку коцки лед.

Начин на подготовка:

Во тенџере на оган се става водата да зоврие, откако ќе зоврие се ставаат гранчиња лаванда и се остава поклопено да постои 10-15 минути. Откако ќе поминат 15 минути лавандата се вади, но чајот од лаванда се остава во тенџерето за да се излади. Откако чајот од лаванда ќе се излади во бокал се цеди лимонот, по желба може и портокал, па се претура чајот од лаванда и се додава медот (медот ставате го по ваш вкус во зависност од тоа колку блага сакате да ви е лимонадата). Ставете го бокалот во фрижидер да се олади целосно. После 2-3 часа лимонадата со лаванда е спремна за консумирање.

Ставете ја лимонадата во чаша во која сте додале неколку коцки лед и уживајте!

Овој прекрасен рецепт и слики ни ги испрати Александра Ангеловска.

Можеби ќе ве интересира: Здраво летно освежување – безалкохолно мохито.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *