Листа на штетни емулгатори кои се наоѓаат во прехрамбените производи

Емулгаторите се адитиви кои се употребуваат во прехранбената индустрија како средства за постигнување на емулзија т.е компактност на прехранбената смеса. Исто така емулгаторите се додаваат во храната за конзервирање и ароматизирање со што се подобрува вкусот и рокот на употреба. Многу од производите кои секојдневно ги консумираме содржат штетни емулгатори кои се предизвикувачи на многу заболувања.

Секој производител е должен на производот да го наведе употребуваниот емулгатор. Потребно е ние да бидеме малку повнимателни и добро да ја анализираме декларацијата на секој производ. Бидете особено внимателни со производите кои им ги давате на своите деца.

sh_Zusatzstoffe_800x462

Во продолжение листа на  штетни емулгатори по здравјето кои се наоѓаат во храната.

Штетни емулгатори:

Е 125, Е141, Е 150, Е 153, Е 171, Е 172, Е 240, Е 241, Е 477.

Опасно штетни емулгатори:

E 102, E 110, E 120, E 124 (ги има во пудинг од ванила и во готов сладолед).

Опасно штетни емулгатори кои ги разоруваат внатрешните органи:

Е 220, Е 221, Е 222, Е 223, Е 224 (предизвикуваат цревни заболувања),

Е 338, Е339, Е 340, Е 341, Е 361, Е463, Е465, Е 446, Е 450, Е 407 (ги оштетуваат органите за варење),

Е 230, Е231, Е 232, Е 233 (предизвикуваат кожни заболувања),

Е 200 (го уништува витаминот Б во организмот),

Е 250, Е 251 и Е 252 (ги оштетуваат крвните садови, а најмногу ги има во сувомесните производи),

Е 320, Е 321 (драстично го зголемуваат нивото на холестеролот во организмот),

Е 311, Е 312 (предизвикувачи на нервни заболувања),

Е 330, Е 113, Е 142, Е 210, Е 211, Е 213, Е 214, Е 215, Е 216, Е 217, Е 239 (предизвикувачи на канцерогени заболувања).

Емулгаторите Е 123 и Е 110  се вбројуваат во групата најопасни емулгатори. Во САД и Русија овие емулгатори се забранети. Се наоѓаат во гумени бонбони, чоколади, чоколадни бонбони, замрзнат зеленчук, сосови, меки сирења, сувомесни производи и т.н.

Ако ве интересира повеќе прочитајте овде.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *