Направете сами: Лосион за избледување на пеги на лицето

Дамките и пегите на кожата се резултат на најразлични влијанија, но најчесто причината лежи во неправилности во пигментацијата на кожата. Не мора секогаш да користите скапи козметички препарати, затоа што некои растенија, како што се лимон, ротквица и магдонос, претставуваат природно белило на дамки.

Недостатокот на витамин Ц во организмот предизвикува загуба на вода во кожата и намалување на синтезата на колаген, кој е важен за клеточниот раст и обновување на телесните ткива, коски и заби. Тоа доведува до истенчување на кожата и хиперсензитивност на надворешните влијанија.

Доколку спаѓате во групата луѓе кои имаат пеги на лицето и сончевите зраци се еден од главните тригер фактори за зголемување на нивниот број, тогаш овој домашен лосион кој можете да го направите сами е вистинското решение за вас.

Потребни состојки:

  • 25 g лист од свеж магдонос
  • 30 ml превриена вода
  • 20 ml 70% алкохол (можете да го купите од аптека)
  • 1 лажичка свежо цеден сок од лимон.

Начин на подготовка:

Магдоносот насечкајте го на многу ситно, дури можете да го ставите и во блендер или сецко. Прелијте го со зовриената вода и оставете го да стои преку ноќ. Следниот ден процедете и додадете го алкохолот и лимоновиот сок. Складирајте го лосионот во стаклено шишенце и чувајте го во фрижидер.

Доколку имате чувствително лице, алкохолот заменете го со минерална(газирана вода) која ќе ја оставите преку ноќ да изветрее.

Начин на употреба:

Наутро и навечер после миење на лицето тампонирајте го со овој лосион. Користете го во период од еден месец. Резултатите ќе ги забележите после 10-тина дена.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *